Петок, 31 Мај 2019 13:40
24. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 07.06.2019 година (петок) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записникот од 23.седница
- Квартален извештај за извршувањето на буџетот на Општина Делчево за извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Одлука за отварање на донаторска жиро- сметка;
Образлагач:По точките 1 и 2-Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет.
3.Предлог-Одлука за давање согласност на Градоначалникот на Општина Делчево за нарачка на Елаборат за ажурирана геодетска подлога за изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) на град Делчево.
Образлагач:Звонко Атанасов-Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на ЖС, комунални дејности и сообраќај.
4.Предлог-Одлука за поддршка и ко-финасирање на проектот: "Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА“ со ладилник и помошни простории“ во Делчево, општина Делчево во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност
Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за Локален економски развој.
5.Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
Образлагач:Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
6.Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
7.Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2019-31.03.2019 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-1007/1
31.05.2019 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.