Актуелно -
Актуелности
Четврток, 06 Јуни 2019 07:36
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, деновиве престојува на Форумот на градови и региони „Инвестирање во Западен балкан-Инвестирање во Европа“ што се одржува во Жежов-Полска од 4 до 6 јуни. Посетата се реализира на покана од полското Министерство за развој и инвестиции.
На форумот учествуваше и министерот за локална самоуправа на РСМ, Сухејл Фазлиу, а свое обраќање имаше и министерот за развој и инвестиции на Полска, Јержи Квичински.
Целта на овој форум на градови е да се помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на интегрирање во Европската Унија и во економската трансформација.
Настанот е организиран во рамките на полското претседателство со Берлинскиот процес, во насока на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.
Трајковски истакна дека предмет на разговорите се и прашања поврзани со полската развојна помош за локалните власти во Република Северна Македонија, како и можноста за студиска посета во Полска на претставници на македонската локална власт, организирана од полската страна, со цел запознање со полското искуство во оваа област.
-Една од темите за која што се разговара е и улогата на макро-регионалните стратегии и другите механизми за меѓурегионална соработка на земјите од регионот. Начинот за инсталирање инструменти и програми за транснационална соработка во рамките на Европската Унија, подобар трансфер на знаење и политики од Европската Унија на земјите и регионите од Западен Балкан, но пред се', како да се поттикнат партнерите од Западен Балкан активно да учествуваат во спроведувањето на макро-регионалните стратегии на Европската Унија, заради нивно приближување кон заедничките цели, рече Трајковски.
Коментирај
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.