Петок, 07 Јуни 2019 08:51
Улицата во центарот на градот која ја поврзува зградата на ТППЕ Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ со централната сообраќајница „Никола Јонков Вапцаров“ доби асфалт. Изведувачот СД-Транс ја заврши изградбата на делот од оваа улица во должина од 80 метри со што и овој дел од градот доби урбан изглед, а се надминаа проблемите кои со себе ги носеше земјениот пат на делот од оваа улица. Вредноста на инвестицијата е 840 илјади денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.
Асфалтирањето улици кои се во изградба во Делчево ќе продолжи и денеска со асфалтирање на дел од улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо, во должина од 190 метри на која е веќе изградена атмосферска канализација.
Средствата во висина од околу 3 милиони денари со пресметан ДДВ, се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. Градежните работи ги изведува делчевската фирма СД-Транс.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.