Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

лошана

Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ денеска го одржа вториот состанок на кој беа потврдени досегашните активности, но и беа дефинирани  идните чекори кои остануваат како обврска на сите чинители во проектот.

Емилија Спировска од фирмата „Хидроенерго инженеринг“ од Скопје, партнер на проектот од Швајцарската компанија ЕБП, е задоволна од динамиката на проектот кој се уште е во почетна фаза и во кој досега сите учесници во проектот, Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“ навреме ги сервисираат обврските по проектот.

-Истражувањата на терен се во поголем дел завршени. Извршено е снимање со нуркачка опрема на акумулацијата Лошана, извршено е мерење на проток и притисок на водата во системот при што е утврдено дека има незначителни загуби на главната линија од браната до прочистителната станица, а исто така, нема загуби на дистрибутивната мрежа меѓу прочистителкната станица и Делчево, истакна Спировска.

Општина Делчево работи на планската документација за прочистителната станица и фотоволтаичната централа, како и за пристапниот пат, а направена е анализа на работите за поврзување на водоснабдителниот систем на селата Габрово, Ѕвегор и Вирче. Исто така, во тек се геодетски снимања на објектите на мрежата и снимање на идентификуваната мрежа.

Во однос на корпоративниот развој, претпријатијата од Делчево, Берово и Пехчево се вклучени во програмата на IAM, а како следен чекор е набавка на хардвер за овие претпријатија и изработка на веб-страница на претпријатието со можност за електронско плаќање.

На состанокот беа потенцирани и активностите поврзани со кампањите за подигање на јавната свест на населението и планираните анкети за јавно мислење.

На состанокот беа дефинирани активностите кои ќе следуваат наредниот период, а се однесуваат на истраги за определување на технолошкиот процес за прочистување на водата, ќе се продолжат геодетските мерења за поврзување на водоснабдителните мрежи, ќе се работи на проекти за инфраструктура и идејни проекти за прочистителна станица, за малата хидроелектрична централа и фотоволтаичната централа.

Вкупната вредност на Проектот „Водоснабдување на Делчево“ изнесува  7,3 милиони швајцарски франци, од кои 6 милиони се донација од Швајцарската Конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 17 Октомври 2019, 14.11 од Д.Чапевски
2019-10-17-13-14-14 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве работат на поставување атмосферска канализација на улиците „Царевоселска“ и „Кеј на Брегалница“ со што ќе се реши децениски проблем поврзан со поплави во оваа...
Објавено на 17 Октомври 2019, 10.55 од Д.Чапевски
2019-10-17-09-56-55 Општина Делчево ги известува жените претпримечи, но и лицата кои се занимаваат со уметност или имаат свои занаети дека можат да ги изложат своите производи и да ги прошират своите деловни партнерства на...
Објавено на 17 Октомври 2019, 09.25 од Д.Чапевски
-022019- Општина Делчево објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник за следното работно место:   УПР0101В01000,Советник-Овлатен инспектор за градежништво, 1(еден)...
Објавено на 16 Октомври 2019, 07.24 од Д.Чапевски
2019-10-16-06-30-21  Специфичниот геолошки профил на карпи кај делчевското село Ѕвегор е прогласен за природна реткост. Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на Законот за заштита на...
Објавено на 14 Октомври 2019, 13.12 од Д.Чапевски
-29- 30 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 21.10.2019 година (понеделник) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 14 Октомври 2019, 12.29 од Д.Чапевски
2019-10-14-11-35-24 Машинскиот парк на ЈКП„Брегалница“ Делчево од денеска е побогат со нова современа машина ровокопач.Станува збор за машина- ровокопач вредна на 62.550 евра, а набавена во рамкитена проектот...
Објавено на 09 Октомври 2019, 08.57 од Д.Чапевски
2019-10-09-08-01-17 | Секоја година, првата полна седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во рамки на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска...
Објавено на 30 Септември 2019, 11.17 од Д.Чапевски
-50 Извршувањето на буџетот на општина Делчево за вториот квартал од 2019 година изнесува 49,27%, односно од вкупно планираните 279.783.412 ден.приходи  за вториот квартал се реализирани...
Објавено на 27 Септември 2019, 14.19 од Д.Чапевски
-info-sovet-inbox-x-daniela-takeva-1447-14-minutes-ago-to-me-valeri-vlatko-translate-message-turn-off-for-macedonian-29  Делчевските советници на 29-та редовна Седница ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево, како и Акцискиот план на Општина Делчево. Стратешките документи...
Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес219
mod_vvisit_counterВчера2356
mod_vvisit_counterОваа недела10274
mod_vvisit_counterПретходна недела15529
mod_vvisit_counterОвој месец39645
mod_vvisit_counterПретходен месец70377
mod_vvisit_counterВкупно3008996

Присутни online: 31
Ваша IP: 18.204.48.40
,
Денес: Окт 18, 2019