Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Деновиве ќе започне изградбата на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната како Станбената улица 4, ќе биде со должина од 120 метри, а ширина на коловозот од 6 метри. На овој потег ќе се гради и тротоар, како и дел од Станебната улица 3 која се вкрстува со оваа улица со цел дополнителна пешачка и сообраќајна комуникација на стариот дел на градот со новиот дел.

Исто така, деновиве треба да започне и изградбата на дел од крак 2 во населбата Шумски расадник кој претставува крак од ул „Орце Николов“. Улицата е проектирана во должина од 50 метри.

Во овој инфраструктурен пакет е опфатено и крпењето на ударните дупки на коловозите во градското подрачје, како и во селата. Планирана површина за санација на коловозите е 800 м2.

Освен овие инфратсруктруни проекти, за тековната година, Општина Делчево има предвидено изградба на неколку улици во градот и населените места заедно со придружни објекти за што има издвоено 8.600.852 денари од сопствениот буџет. Инфраструктрните работи ќе ги извршува ОСД „Кирил“ ДООЕЛ Скопје.

Share/Save/Bookmark