Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, на седница одржана на 03.07.2019 година, одлучи да распише

 

КОНКУРС

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА

НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2019 ГОДИНА

 

1Општинската награда се доделува по повод Денот на празникот на Општината 7.Септември.

2.Општинската награда се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот.

3. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ.

4.Наградата за правно лице се состои од плакета.

5.Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година(сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина .

6. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.

7.Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија.

8.Со предлогот предлагачот е должен да достави и изворна верификација (плакети, награди,признанија и слично), а кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и еден примерок од делото.

9.Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број.

10.Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од ден 03.07.2019 година и трае заклучно до ден 02.08.2019 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака “Предлог кандидат за доделување општинска награда”.

03.07.2019

Делчево

Комисијата за доделување на
награди и признанија на Општина Делчево

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 05 Декември 2019, 13.40 од Д.Чапевски
2019-12-05-12-45-05   „Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ...
Објавено на 05 Декември 2019, 09.14 од Д.Чапевски
2019-12-05-08-16-59 Осум ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево се закитија со награди на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ во организација на Македонското географско...
Објавено на 03 Декември 2019, 14.12 од Д.Чапевски
2019-12-03-13-16-25   Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната собаопремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската...
Објавено на 03 Декември 2019, 12.47 од Д.Чапевски
2019-12-03-11-50-21  Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и...
Објавено на 03 Декември 2019, 08.39 од Д.Чапевски
2019-12-03-07-43-45  „Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица....
Објавено на 02 Декември 2019, 12.19 од Д.Чапевски
2019-12-02-11-20-23   Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во...
Објавено на 02 Декември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-12-02-10-12-55 Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ посветен на Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, вечерва делчевскиот композитор Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене и вокалната...
Објавено на 28 Ноември 2019, 14.50 од Д.Чапевски
-32- 32 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 06.12.2019година (петок) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 28 Ноември 2019, 08.09 од Д.Чапевски
2019-11-28-07-17-59 По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево во партнерство со Здружението „Бравура кооператива“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, ЈЛБ „Илинден“ ,...
Објавено на 27 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-27-13-16-09     Со пригодна свеченост денеска во Делчево Здружението Фолклорна група „Копачка“ одбележа 5 години од впишувањето, на ова по многу нешта уникатно оро, на Репрезентативната листа на...
Објавено на 27 Ноември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-11-27-11-13-22 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од канализациската мрежа  во селото Стамер со што се решава долгогодишен проблем за жителите во ова село.  Станува...
Објавено на 25 Ноември 2019, 15.19 од Д.Чапевски
2019-11-25-14-21-59 Општина Делчево стана 167 членка на Мрежата ЦИВИНЕТ Сло-Хр-ЈИЕ која е една од најактивните и најбројните европски мрежи со членки од 6 земји. Мрежата ЦИВИНЕТ  им дава можност на членките да бидат...
Објавено на 23 Ноември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
-200-   Јавори, јасени, липи и чемпреси се засадуваа денеска во урбаниот дел од градот по однапред направен распоред од одговорните лица во Општина Делчево. Во акцијата „За почист воздух“се вклучија...
Објавено на 22 Ноември 2019, 14.53 од Д.Чапевски
2019-11-22-13-55-26   На денешната Седница на Советот за социјална заштита на Општина Делчево беше донесен Социјалниот план за 2020 година на Општина Делчево во кој се содржани  главните активности на...
Објавено на 22 Ноември 2019, 10.34 од Д.Чапевски
-------200- Сѐ е поготвено за акцијата за пошумување во урбаниот дел од градот која ја организира Општина Делчево, а ќе се одржи утре на 23.11.2019, сабота . За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите граѓани,...
Објавено на 21 Ноември 2019, 10.07 од Д.Чапевски
-2020- Изградбата на градскиот пазр во Делчево е приоритетен проект во Програмата за развој на Општина Делчево за 2020 година усвоен од советниците на 31 Седница на Советот на Општина Делчево. Целта на...
Објавено на 20 Ноември 2019, 14.37 од Д.Чапевски
2019-11-20-13-43-25  Советниците на денешната 31 Седница на Советот на Општина Делчево ја усвоија Одлуката за основање Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад. Согласно со Одлуката, Заедничкото...
Објавено на 19 Ноември 2019, 08.40 од Д.Чапевски
2019-11-19-07-46-39  Во Општина Делчево има 27 згради за колективно домување, од кои 22% имаат лифт,  а 55% имаат деловни простории, додека најстарата зграда е изградена во 1950 година. Овие податоци стојат во...
Објавено на 18 Ноември 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-11-18-13-21-16   Започна асфалтирањето на последните 500 метри од локалниот пат Илиово-Турија, делницата од с. Турија до с. Трстија со што се заокружува комплетно изградбата на овој локален пат и се решава голем...
Објавено на 18 Ноември 2019, 11.48 од Д.Чапевски
2019-11-18-12-49-58 Уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства на Општина Делчево. Од тој аспект, граѓаните треба да се сами свесни дека со уништување на урбаната опрема во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1563
mod_vvisit_counterВчера2054
mod_vvisit_counterОваа недела9738
mod_vvisit_counterПретходна недела20677
mod_vvisit_counterОвој месец12821
mod_vvisit_counterПретходен месец74155
mod_vvisit_counterВкупно3122501

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.229.122.219
,
Денес: Дек 05, 2019