Вторник, 16 Јули 2019 13:48
Делчевци од денеска ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ. Оваа Одлука ја донесоа делчевските советници на редовната 27 Седница, а согласно со Одлуката за користење на просторијата за склучување граѓански брак нема да се плаќа надоместок, а заинтересираните граѓани е потребно за користење на салата за оваа намена да доставуваат барање до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот датум и час за склучување брак кој ќе се достави до Матичната служба во Делчево.
За потребите на новата сала за венчавање, Општина Делчево има набавено нов инвентар, како декоративна маса и столици, со цел да се збогати свечениот амбинет при склучување граѓански брак во Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.