Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

delcevsko leto_logo

Општина Делчево во соработка со бизнис-секторот од општината организира спектакуларни концерти во рамките на „Делчевско лето 2019“, а ѕвезда на вечерта е популарната балканска пејачка Данијела Мартиновиќ чии хитови ги сакаат и млади и повозрасни генерации.  Концертите ќе се одржуваат на 9 август кога, освен Мартиновиќ, ќе настапат девојките од „Дикато-бенд“, рок групата „Троја бенд“, делчевците „The Jokers“, а традиционално, ноќта спорти верскиот празник Св. Пантелејмон, на 8 август, на летната сцена на Голак и во партнерство со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ќе се одржат меѓународните „Голачки фолклорни средби“.

На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека  Делчево е подготвено и организациски и технички за дводневните големи концерти во рамките на „Делчевското лето 2019“, а целта за нивната организација е да се даде нов имиџ на градот кој ќе раскаже нова приказна за Делчево.

-Во оваа прилика сакам да изразам огромно задоволство, но и голема благодарност на иницијативата и поддршката на бизнис-секторот од Делчево кои се вклучија околу организацијата и финансиски го поддржаа овој голем настан. Она што го договаравме минатото лето на бизнис-форумот „Да ја поддржиме приказната за Делчево“, денес реализираме дел од областа култура и културни настани, бидејќи тие ја даваат душата на градот. Целта и на Општина Делчево и на претставниците од бизнис- секторот е да им овозможиме на нашите граѓани и на граѓаните од регионот, незаборавна вечер и забава и заедно да испишиме нова традиција. Поддржувајќи ја приказната за Делчево, сакаме овие два дена, Делчево да биде посакувана дестинација, истакна Трајковски.

Градоначалникот Трајковски изрази голема благодарност за несебичната поддршка на спонзорите на овие концерти: „Фротирка-компани“, „Кит-го маркети“, „Жито-маркети“, „Агропролајф“, „Хотел Панорама - бар и ресторант“, АД „Палтекс“, „Рудине ММ“, „Оникс-вал“, „Геомер-плус“, „Еуро бетон“ од с. Град, „СД Транс“, „Ликеј-Делвин“, „Луна-гифт“, „Брегал“, „Алпин-ком“, „Ривер-клуб“, „Амбасадор“ и хотел-ресторан „Трла“.

-Очекувањата се дека Делчево ќе биде домаќин на илјадници гости од регионот, а мојот апел до сите делчевци,  е сите заедно да се потрудиме да бидеме добри домаќини и да испишеме нови спомени од градот под Голак, истакна Трајковски.

Општина Делчево по втор пат организира концерт од поголеми размери. Минатата година концертот на Игор Џамбазов и бендот на Гуру Харе, како и настапот на групата „Шекспир“ го проследија илјадници гости од регионот.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 09 Август 2019, 22.49 од Д.Чапевски
2019-08-09-22-15-05 Илјадници гости дел од спектакуларниот концерт на незаменливата Данијела Мартиновиќ и на предгрупите Дикато бенд и Троја бенд. Крајот на забавата го означија делчевците од The...
Објавено на 09 Август 2019, 14.14 од Д.Чапевски
2019-08-09-13-17-34   Ѕвездата на вечерта, Данијела Мартиновиќ, пристигна во Делчево. Првата средба ја имаше со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која Трајковски ја запозна гостинката со спецификите на...
Објавено на 09 Август 2019, 12.52 од Д.Чапевски
-3- Изведувачот ГРАНИТ АД Скопје на ден 12.08.2019 година (понеделник) ќе започне со изведување градежни работи во рамки на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево,...
Објавено на 09 Август 2019, 06.52 од Д.Чапевски
2019-08-09-06-19-20   Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај...
Објавено на 08 Август 2019, 14.06 од Д.Чапевски
-20192020 Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“...
Објавено на 07 Август 2019, 16.36 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-40-02 Со цел поголема безбедност во сообраќајот во Делчево и на Голак, а во пресрет на централните настани од манифестацијата „Делчевско лето 2019“ кога се очекуваат поголем број гости, денеска претставници...
Објавено на 07 Август 2019, 16.28 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-30-09 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на 8 август од 2 часот по полноќ  ќе спроведе наменско прскање против комарци и други инсекти кои се потенцијална опасност од преносливи заразни болести....
Објавено на 07 Август 2019, 12.15 од Д.Чапевски
2019-08-07-11-18-29 Во старата прочистителна станица во село Тработивиште од каде се преработува водата за пиење за Делчево и околните села, за прв пат по 25 години се поставува активен јаглен, а исто така и прв пат...
Објавено на 07 Август 2019, 11.25 од Д.Чапевски
2019-08-07-10-28-48   Екипи на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево ги уредуваат јавните површини и работат на санација на оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“. Се...
Објавено на 06 Август 2019, 12.03 од Д.Чапевски
2019-08-06-11-05-39 Општина Дечево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност за ден 9-ти август 2019 година во градскиот парк во Делчево за време на одржување на концертите во рамките на „Делчевско лето“...
Објавено на 06 Август 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-08-06-10-22-15 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ со поддршка на ТППЕ Делчево извршија чистење на Голак.  Акцијата која беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и...
Објавено на 05 Август 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-08-05-11-00-42  Општина Делчево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност на планината Голак на 8 август, а по повод традиционалните „Голачки Фолклорни средби“. Локациите се наоѓаат на следните...
Објавено на 05 Август 2019, 10.11 од Д.Чапевски
2019-08-05-09-13-43  Претставникот од ПСК „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски кој беше дел од експедицијата „Трилогија Алпи 2019“ ги развеја општинското и македонското знаме на највисоките врвови на...
Објавено на 05 Август 2019, 06.51 од Д.Чапевски
2019-08-05-06-09-05   Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 02 Август 2019, 09.46 од Д.Чапевски
2019-08-02-08-53-12   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен-...
Објавено на 31 Јули 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-07-31-11-05-59 Осум екипи од цела Македонија ќе се натпреваруваат на Ноќниот турнир во баскет кој започнува вечерва од 19 ч на спортските терени од ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево. Претседателот на Советот на млади на...
Објавено на 29 Јули 2019, 13.41 од Д.Чапевски
2019-07-29-12-43-20 Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи „Изградба на дел од локален пат Л-10 отклон од пат М-5 (нова ознака А3)- Илиово-Турија (делница од с.Турија-с.Трстија)...
Објавено на 29 Јули 2019, 08.31 од Д.Чапевски
2019-07-29-07-34-33  Во тек се градежните работи за изградба на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната...
Објавено на 25 Јули 2019, 11.29 од Д.Чапевски
2019-07-25-10-32-16  Делчево доби грант од Министерството за финансии за изградба на градска капела во рамките на  Проектот за подобрување на општинските услуги кој го спроведува Министерството за финансии со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1454
mod_vvisit_counterВчера2168
mod_vvisit_counterОваа недела13098
mod_vvisit_counterПретходна недела17180
mod_vvisit_counterОвој месец37605
mod_vvisit_counterПретходен месец58421
mod_vvisit_counterВкупно2876069

Присутни online: 43
Ваша IP: 35.172.165.39
,
Денес: Авг 17, 2019