Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

 

Ј А В Е Н     П О В И К
до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Си помагаме” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево. 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: 

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години лица постари од 50 години
  • лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • родители на 3 и повеќе деца
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

 

-       Неговател во Дневен центар за лица со посебни потреби – 2 (два) извршители;

  • Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност;

 

- Неговател за грижа на деца во ОЈУДГ „Весели цветови“ – 2 (два) извршители;

  • Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини


Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 05.08.2019година до 16.08.2019 година, од 07.30 часот до 15.30 часот. 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати. 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување - Делчево кај лицето Билјана Прачкоска, Центар за социјлна работа Делчево кај лицето Душко Михаиловски.

 

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РСМ                                                                                                                                                                                                                         ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Центар за вработување Делчево                                                                                                                                                                                                                                           Градоначалник
            Раководител                                                                                                                                                                                                                                                               Горан Трајковски
       Билјана Прачкоска
                                                                             

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...
Објавено на 14 Јануари 2020, 13.23 од Д.Чапевски
2020-01-14-12-27-55  Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и...
Објавено на 14 Јануари 2020, 11.08 од Д.Чапевски
2020----- Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.26 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-28-12 Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.01 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-02-45 Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000...
Објавено на 13 Јануари 2020, 08.21 од Д.Чапевски
2020-01-14-07-24-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по  повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии...
Објавено на 13 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-2020-    Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и...
Објавено на 10 Јануари 2020, 15.20 од Д.Чапевски
2020-01-10-13-41-32  Советот на Општина Делчево на редовната 34 Седница ја донесе Стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година со што Општина Делчево се запиша како прва општина од крајниот исток...
Објавено на 10 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-34- 34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 08 Јануари 2020, 13.28 од Д.Чапевски
2020-01-08-12-41-01  На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с....
Објавено на 31 Декември 2019, 12.40 од Д.Чапевски
2019-12-31-11-42-09 Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата...
Објавено на 31 Декември 2019, 11.20 од Д.Чапевски
2019-12-31-10-23-11 Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме...
Објавено на 27 Декември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-12-27-12-34-17  Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските...
Објавено на 27 Декември 2019, 08.18 од Д.Чапевски
-2020-    Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на...
Објавено на 26 Декември 2019, 17.01 од Д.Чапевски
2019-12-26-14-23-53     Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336.995.000 денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од...
Објавено на 26 Декември 2019, 13.34 од Д.Чапевски
2019-12-26-12-35-36 По спроведената јавна набавка, Општина Делчево денеска го склучи  Договорот за „Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во Делчево“ со...
Објавено на 25 Декември 2019, 13.35 од Д.Чапевски
2019-12-25-12-37-31 На тринаесетта Седница на Советот за развој на Источен плански регион што денеска се одржа во Делчево, градоначалниците го усвоија Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за...
Објавено на 24 Декември 2019, 15.01 од Д.Чапевски
2019-12-24-14-03-53  Во делчевското село Разловци во тек е изградба на нова улица која тангира поголем број жители и ќе реши основни проблеми поврзани со патната инфраструктура на жителите селото Разловци. Улицата е...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2475
mod_vvisit_counterВчера2705
mod_vvisit_counterОваа недела12946
mod_vvisit_counterПретходна недела15476
mod_vvisit_counterОвој месец36795
mod_vvisit_counterПретходен месец76002
mod_vvisit_counterВкупно3225560

Присутни online: 43
Ваша IP: 35.168.111.191
,
Денес: Јан 17, 2020