Среда, 07 Август 2019 11:25
Екипи на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево ги уредуваат јавните површини и работат на санација на оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“. Се санираат оштетените клупи и кантите за ѓубре, а се уредува и просторот околу летната сцена, каде се планирани локации за услужна дејност и трговија. Во рамките на акцијата се санираа и оштетените мрежи на тениското игралиште кои беа искинати, а дел и тргнати од тениското игралиште од несовесни граѓани.
Бидејќи, урбаната опрема во Делчево е постојано цел на несовесни граѓани, Општина Делчево повторно апелира до граѓаните за поголема свест и почит кон општинската опрема со цел да се избегнат дополнителни трошоци, но во пресрет на настаните кога се очекуваат илјадници гости од регионот и од соседна Бугарија, потребно е да оставиме впечаток на добри домаќини. Исто така, Општина Делчево потсетува дека со совесно однесување се избегнуваат и казните предвидени согласно со законските одредби.
Инаку, денеска екипи на ЈПКД „Брегалница“ извршија и чистење речното корито на река Брегалница од дивоизраснати дрва и други растенија во делот кај гумената брана со што се превенира неконтролирано излевање на реката од речното корито.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.