Четврток, 08 Август 2019 14:06
Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево, ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево и ООУ „Ванчо Прке“ Делчево од местото на живеење до училиштето и обратно во учебната 2019/2020 година“ ја спроведува Општина Делчево по склучен Договор за извршување групна набавка со СОУ „Методи Митевски- Брицо“ Делчево, ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево и ООУ „Ванчо Прке“ Делчево.
Отворањето на понудите ќе се одржи електронски на ден 22.08.2019 година во просториите на општината, а единствен критериум ќе биде цената.
За реализација на набавката се обезбедени средства од сметките на СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево, ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево и ООУ „Ванчо Прке“ Делчево во вкупен износ од 2.143.040,00 денари без ДДВ, односно 2.250.192,00 денари со ДДВ, преку блок-дотации добиени од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Оваа јавна набавка е оформена во 7 (седум) посебни делови и тоа:
-ДЕЛ 1-Делчево-Габрово- Обезбедени средства во износ од 188.240,00 денари без ДДВ, односно 197.652,00 денари со ДДВ;
-ДЕЛ 2- Делчево-Ѕвегор- Обезбедени средства во износ од 325.800,00 денари без ДДВ, односно 342.090,00 денари со ДДВ;
-ДЕЛ 3- Делчево-Чифлик- Обезбедени средства во износ од 28.960,00 денари без ДДВ, односно 30.408,00 денари со ДДВ;
-ДЕЛ 4-Вирче-Град-Стамер-Делчево- Обезбедени средства во износ од 441.640,00 денари без ДДВ, односно 463.722,00 денари со ДДВ;
-ДЕЛ 5- Бигла-Илиово-Драмче-Делчево- Обезбедени средства во износ од 354.760,00 денари без ДДВ, односно 372.498,00 денари со ДДВ;
-ДЕЛ 6- Делчево-Стамер-Град-Тработивиште-Разловци- Обезбедени средства во износ од 535.760,00 денари без ДДВ, односно 562.548,00 денари со ДДВ;
-ДЕЛ 7- Очипала-Ветрен-Полето-Делчево- Обезбедени средства во износ од 267.880,00 денари без ДДВ, односно 281.274,00 денари со ДДВ.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.