Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0006_resize

DSC 0012_resize DSC 0019_resize

Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај манастирот „Св.Пантелејмон“ на планината Голак. Испишувајќи нова страница од организацијата на Фестивалот кој има ревијален карактер и со единствена цел афирмација и промоција на фолклорното богатство од земјава и од регионот, на сцената настапија над 200 учесници од фолклорни друшта од Измир- Турција, Женска и машка фолклорна група „Бистришки извори“ од Дупница-соседна Бугарија, како и друштва од Македонија: КУД„Кирил Пејчиновиќ“, с.Теарце, КУД„Вера Јоциќ“,Македонска Каменица, ансамбл „Китка“, с.Истибања, КУД „8 Октомври“ НУЦК Крива Паланка и, секако, домаќините од „Никола Јонков Вапцаров“.

DSC 0020_resize DSC 0021_resize

DSC 0023_resize

За учесниците на фестивалот беа подготвени подароци и благодарници кои им ги додели градоначалникот Горан Трајковски кој и го отвори фестивалот.

Во своето обраќање тој се наврати на значењето на овие традиционални „Голачки фолклорни средби“ уникатни по многу нешта.

- Верувам дека сите ги знаете почетоците на Фестивалот, оформен со Одлука на Советот, кога група ентузијасти ја облагородуваат традицијата поврзана со легендите за исцелителната моќ на светецот Пантелејмон покрај истоимениот манастир на Голак, давајќи можност изворниот фолклор на познатиот Голачки собор да го добие фестивалот со што традицијата се слави и се издига заедно со растењето на фестивалот. Се одржуваат многу фестивали насекаде, некои се и организациски поголеми, но „Голачките фолклорни средби“ остануваат уникатни на овие простори, бидејќи се слави фолклорот под отвореното небо и на највисокиот врв на Голак, Чавка, на 1538 метри надморска висина, истакна Трајковски.

Трајковски додаде дека за него претставува задоволство и чест што е покровител и организатор на овој фестивал и што се испишуваат нови страници од една стара и вредна традиција.

- Наша обврска и понатаму останува да го надградуваме фестивалот кој е уникатен по многу нешта, да го промовираме неговото значење и сѐ повеќе да го обојуваме со меѓународни бои. На сцената да има широка палета од народни носии, изворни орски и вокални традиции уникатни за одредени подрачја. На Голак вечерва, фолклорот обединува, но и го чува живото наследство и традицијата, рече Трајковски.

Годинашните „Голачките фолклорни средби“ се во организација на Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“од Делчево.

DSC 0024_resize DSC 0025_resize

DSC 0026_resize DSC 0037_resize

DSC 0059_resize

DSC 0063_resize DSC 0072_resize

DSC 0078_resize

DSC 0086_resize DSC 0101_resize

DSC 0099_resize

DSC 0111_resize DSC 0125_resize

DSC 0130_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 09 Август 2019, 22.49 од Д.Чапевски
2019-08-09-22-15-05 Илјадници гости дел од спектакуларниот концерт на незаменливата Данијела Мартиновиќ и на предгрупите Дикато бенд и Троја бенд. Крајот на забавата го означија делчевците од The...
Објавено на 09 Август 2019, 14.14 од Д.Чапевски
2019-08-09-13-17-34   Ѕвездата на вечерта, Данијела Мартиновиќ, пристигна во Делчево. Првата средба ја имаше со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која Трајковски ја запозна гостинката со спецификите на...
Објавено на 09 Август 2019, 12.52 од Д.Чапевски
-3- Изведувачот ГРАНИТ АД Скопје на ден 12.08.2019 година (понеделник) ќе започне со изведување градежни работи во рамки на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево,...
Објавено на 09 Август 2019, 06.52 од Д.Чапевски
2019-08-09-06-19-20   Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај...
Објавено на 08 Август 2019, 14.06 од Д.Чапевски
-20192020 Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“...
Објавено на 07 Август 2019, 16.36 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-40-02 Со цел поголема безбедност во сообраќајот во Делчево и на Голак, а во пресрет на централните настани од манифестацијата „Делчевско лето 2019“ кога се очекуваат поголем број гости, денеска претставници...
Објавено на 07 Август 2019, 16.28 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-30-09 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на 8 август од 2 часот по полноќ  ќе спроведе наменско прскање против комарци и други инсекти кои се потенцијална опасност од преносливи заразни болести....
Објавено на 07 Август 2019, 12.15 од Д.Чапевски
2019-08-07-11-18-29 Во старата прочистителна станица во село Тработивиште од каде се преработува водата за пиење за Делчево и околните села, за прв пат по 25 години се поставува активен јаглен, а исто така и прв пат...
Објавено на 07 Август 2019, 11.25 од Д.Чапевски
2019-08-07-10-28-48   Екипи на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево ги уредуваат јавните површини и работат на санација на оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“. Се...
Објавено на 06 Август 2019, 12.03 од Д.Чапевски
2019-08-06-11-05-39 Општина Дечево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност за ден 9-ти август 2019 година во градскиот парк во Делчево за време на одржување на концертите во рамките на „Делчевско лето“...
Објавено на 06 Август 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-08-06-10-22-15 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ со поддршка на ТППЕ Делчево извршија чистење на Голак.  Акцијата која беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и...
Објавено на 05 Август 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-08-05-11-00-42  Општина Делчево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност на планината Голак на 8 август, а по повод традиционалните „Голачки Фолклорни средби“. Локациите се наоѓаат на следните...
Објавено на 05 Август 2019, 10.11 од Д.Чапевски
2019-08-05-09-13-43  Претставникот од ПСК „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски кој беше дел од експедицијата „Трилогија Алпи 2019“ ги развеја општинското и македонското знаме на највисоките врвови на...
Објавено на 05 Август 2019, 06.51 од Д.Чапевски
2019-08-05-06-09-05   Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 02 Август 2019, 09.46 од Д.Чапевски
2019-08-02-08-53-12   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен-...
Објавено на 31 Јули 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-07-31-11-05-59 Осум екипи од цела Македонија ќе се натпреваруваат на Ноќниот турнир во баскет кој започнува вечерва од 19 ч на спортските терени од ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево. Претседателот на Советот на млади на...
Објавено на 29 Јули 2019, 13.41 од Д.Чапевски
2019-07-29-12-43-20 Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи „Изградба на дел од локален пат Л-10 отклон од пат М-5 (нова ознака А3)- Илиово-Турија (делница од с.Турија-с.Трстија)...
Објавено на 29 Јули 2019, 08.31 од Д.Чапевски
2019-07-29-07-34-33  Во тек се градежните работи за изградба на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната...
Објавено на 25 Јули 2019, 11.29 од Д.Чапевски
2019-07-25-10-32-16  Делчево доби грант од Министерството за финансии за изградба на градска капела во рамките на  Проектот за подобрување на општинските услуги кој го спроведува Министерството за финансии со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1380
mod_vvisit_counterВчера2168
mod_vvisit_counterОваа недела13024
mod_vvisit_counterПретходна недела17180
mod_vvisit_counterОвој месец37531
mod_vvisit_counterПретходен месец58421
mod_vvisit_counterВкупно2875995

Присутни online: 42
Ваша IP: 35.172.165.39
,
Денес: Авг 17, 2019