Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

bulevar1

Започнуваат градежните работи за рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево со што, конечно, државниот пат А3 кој поминува низ Делчево, ќе добие лик на современа сообраќајница, онака како доликува на меѓународен пат и на главен булевар во Делчево. Сакам да истакнам дека прв пат откако е изграден булеварот се врши негова комплетна рехабилитација, а бевме сведоци за неговата очајна состојба во која се наоѓаше.

Согласно со проектот ќе се рехабилитираат двата коловоза од делот кај бензиската во Делчево до клучката за регионалните патишта за Берово и Граничен премин со вкупна должина од 3,5 км. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ГП Гранит. Вкупната вредност на проектот е 32.464.582 денари.

Бидејќи оваа делница е доста фреквентна, апелирам до возачите да ја почитуваат поставената сигнализација на патот и времениот режим на сообраќај.

bulevar

Share/Save/Bookmark