Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0012_resize

DSC 0021_resize DSC 0027_resize

 Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.

 Во рамките на одбележувањето беше организирана изложба на дела од познатиот делчевски ликовен уметник Петар Атанасов- Пепи со што Делчево оддаде признание за неговата дводецениска дејност. Изложбата содржи 41 дело со мотиви од старо Делчево, стара архитектура, верски мотиви творени со пирографија и масло на платно, а во рамките на оваа компизиција беа изложени и дела од неговите синови Блаже Атанасов, но и од Андреј Атанасов, чии творби се објавуваат постхумно и прв пат јавно се изложуваат.

Одбележувањето на двата значјани историски датуми за Делчево продолжи со Свечената седница на Советот на Општина Делчево на која претседателот на Советот, Драган Маневски, истакна дека во изминатиов период од септември лани до денеска, Советот на Општина Делчево одржа 15 седници и разгледа 373 точки на дневен ред.

            -Донесени беа 312 одлуки од кои 200 одлуки за вклопување на бесправно-изградени објекти во урбанистичко-планска документација на физички лица и правни лица, донесени беа одлуки за изработка на урбанистичко-проектна документација за Проект за инфраструктура за изградба на водоснабдителен систем за с. Габрово и с. Ѕвегор, донесени се и повеќе одлуки за  приоритет на проекти за аплицирање до надлежни институции кои имаат за цел да дадат придонес кон подобрување на условите и кавлитетот на животот на нашите сограѓани. Донесени се сите програми за работа на општинската администрација, ЈКП „Брегалница“,  општинските училиштата, и детската градинка. Разгледани и усвоени се и нивните планови и извештаи за работа.          Советот на Општина Делчево во целина, со многу одговорност и рационалност се однесуваше при донесувањето на одлуките и со право можам да констатирам дека нашата работа од почетокот до денес се одликува со конструктивност и рационалност, потенцираше Маневски.

На Свечената седница беа презентирани актуелните проекти на Општина Делчево, а градоначалникот Горан Трајковски во своето обраќање истакна дека во моментов, како никогаш досега, во Делчево се инвестираат околу 120 милиони денари во најразлични проекти од областа на инфраструктурата и со средства од различни нивоа на власт, донации и средства од општинскиот Буџет.

- Сакам да потенцирам дека заедно со Советот на Општина Делчево и со сите советници, работиме во интерес на граѓаните и во подобрување на квалитетот на условите за живот. Со мојот тим максимално сме посветени за реализација на крупните инфраструктурни проблеми и верувам дека со добра мисла и визија за иднината, може сѐ да се постигне. Не штедејќи се и исправен пред предизвикот, се посветив да ја остварам визијата за европско Делчево, со сите нишани од инфраструктура до квалитет на животот. Оддавајќи почит на делото на храбрите револуционери, го продолжуваме нивниот пат, гордо исправени со една и единствена мисла да го направиме Делчево поубаво место за живеење, рече Трајковски.

На Свечената седница беше доделена општинската награда „7 Септември“ која годинава ја доби Љупчо Чучуковски, претседател на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево и член на Федерацијата на планинарски спортови, а наградата му се доделува како знак за општествено признание за особени постигнувања од областа на планинарскиот спорт и заштита и унапредување на животната средина, како и развој и афирмација на Општина Делчево во Република Северна Македонија.

Седницата продолжи со доделување награди и благодарници по Конкурсот за избор на најубаво уреден двор во рамките на акцијата „Заедно за поубаво Делчево“. Годинава, за најубаво уреден двор за физички лица, Комисијата го прогласи дворот на Сашко Диковски од Делчево, додека во категоријата за колективно домување, наградата ја доби дворот од зградата на „Кејот на Брегалница“.

Одбележувањето на празниците во Делчево ќе продолжи и утре со настаните предвидени во Програмата за Пијанечко-малешевска свадба , Фолклорниот фестивал „Делчево 2019“ и Саемот на храна кои се во организација на КУД „Гоце Делчев“ во партнерство со Општина Делчево.

DSC 0029_resize DSC 0031_resize

DSC 0032_resize

DSC 0037_resize

DSC 0043_resize DSC 0047_resize

DSC 0049_resize DSC 0052_resize

DSC 0054_resize DSC 0056_resize

DSC 0057_resize DSC 0062_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1222
mod_vvisit_counterВчера2121
mod_vvisit_counterОваа недела1222
mod_vvisit_counterПретходна недела16412
mod_vvisit_counterОвој месец47329
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2948605

Присутни online: 42
Ваша IP: 35.175.191.150
,
Денес: Сеп 22, 2019