Среда, 09 Октомври 2019 08:57
Секоја година, првата полна седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во рамки на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска првоодделенчињата од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево заедно со своите наставнички беа во посета на Општина делчево и градоначалникот Горан Трајковски.
При посетата првачињата ја имаа можноста да се запознаат со градоначалникот и со функционирањето на општината како и нејзините надлежности. Учениците пред градоначалникот изрецитираа десетина песнички кои тие ги научиле во текот на воспитно – образовниот процес.
Светската недела на детето се одбележува во светски рамки, а целта е да се промовираат правата кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба да му биде обезбедена од страна на државата и инстутициите за овозможување среќно, здраво и безгрижно детство.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.