Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0003_resize

Општина Делчево денеска  (21.10.2019) објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи,,Изградба на пристапи за пешачки мост во централно градско подрачје на река Брегалница во Делчево“.

Oтворањето на понудите ќе биде на 05.11.2019 во 9:00 часотелектронски на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), а сите заинтересирани можат да присуствуваат на јавното отворање во салата за состаноци на Општината.

За реализација на набавката се обезбедени средства од Буџетот на Општина Делчево за 2019 година во вкупен износ од 3.000.000,00 денари без вклучен ДДВ.

Со реализација на овој инфраструктурен дел од мостот, комплетно ќе биде заокружена изградбата на првиот пешачки мост на река Брегалница кој е изграден од челична конструкција во должината од 60 метри, распонот е од 42 метри, а ширината на пешачката патека е од 3 м.  Вредноста е 8, 2 мил денари, средства обезбедени со околу 60% учество од ИПР, преку Бирото за регионален развој,  а останатите околу 40% се кофинансирање од Општина Делчево.

Пешачкиот мост на река Брегалница ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот со што, освен што ќе биде и украс на градот, тој ќе биде дел од туристичкиот пакет на Делчево.

Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции, а неговата изградба е во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Share/Save/Bookmark