Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1stipendii 2maturanti

Во циклусот прес-конференции посветени на работењето во изминатите 24 месеци локална власт, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, се осврна на инвестициите во образовниот систем, културата и градењето партнерство со НВО секторот.

Почитувани,

Животот во една општина, а со тоа и надлежностите на општината не го претставуваат само проектите од инфраструктурата, колку и да се тие значајни. Мора да инвестираме и во сите сфери, посебно во образованието и во културните збиднувања-бидејќи тоа се значајни нишки со влог во нашата иднина и се олицетворение на квалитетот на животот во една општина.

Веднаш по преземањето на функцијата градоначалник, ги исплативме сите заостанати ученичките стипендии, но и го зголемивме бројот и износот на стипендиите, а редовноста на исплатата на овие средства за мене е приоритет, бидејќи значат поттик и поддршка на талентираните ученици за постигнување подобри резултати. Во таа смисла го наградуваме и го стимулираме трудот на нашите ученици доделувајќи награди и стипендии. Оваа година сме исплатиле 450 илјади денари за оваа намена, а за учебната 2019-2020 година го зголемивме бројот на ученички стипендии, така што ќе се исплаќаат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со лани. Конкурсот за стипендиите ќе го распишеме в понеделник. Ги наградуваме најдобрите 10 матуранти со патување низ Европа, на дестинација по нивни избор за што годишно во Буџетот планираме 300.000 денари. Во Буџетот за наредната година планираме средства за уште една социјална мерка, а тоа е поддршка на родителите на сите првачиња кои ќе се запишат во делчевските основни училишта кои на почетокот на школската година ќе добиваат еднократна парична помош во износ од 3.000 денари.

3robotika

4robotika 5robotika

Во образовниот процес максимално се вложуваме за анимирање на младите да гледаат во технологијата на иднината, како поле за нивен професионален развој. Како градоначалник, се заложувам младите да добијат поголеми познавања на полето на иновациите, напредните технологии и претприемништвото и мојата интенција е да се прошират познавањата, да се отворат нови видици и да се разбуди интересот за оваа сфера кај младите. Во таа насока организиравме два семинари по роботика, каде учество зедоа околу 400 средношколци, но и за прв пат светската организација „Џуниор ачивмент Македонија“ во Делчево го одржа Иновативниот камп што е, всушност, и прв ваков семинар, одржан, воопшто, во Источна Македонија, каде со иновативни претприемнички идеи се натпреваруваа 100 средношколци од 20 средношколски центри.

6robotika strumica

Овој извештај за работата на Локалната власт, нема да биде комплетен доколку не ги споменам инвестициите и проектите во детската градинка и образовните институции во Делчево.

Во детската градинка „Весели цветови“извршена е комплетна реконструкција на кујната и на одводната канализација со што е целосно решен проблемот со дотраената канализација. Како приоритет, кога е детското згрижување во прашање, останува да ги реализираме проектите за доизградба на нови занимални со цел сите деца во Делчево да се примат и згрижуваат во оваа установа, како и проектот за отворање градинка во Разловци.

Делчевската гимназија СОУ „М.М.Брицо“ доби енергетско ефикасна фасада со што сега се штеди енергија и до 30%. Средствата во висина од 1,8 милиони денари се сопствени средства на училиштето, а подготвен е и кабинет за изведување практична настава по хасап- систем за потребите на  хемиско – технолошката струка во училиштето.

Во ООУ „Ванчо Прке“ се изгради дворната ограда со која се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на училиштето.Инвестицијата е вредна 550.000 денари, средствата се обезбедени од буџетот на училиштето.

7kujna gradinka 8fasada kliment

9dvorna ograda

Бидејќи културата е храна за душата и двигател на квалитетот на животот на секој поединец, само оваа година се организирани неколку концерти и тоа од повеќе жанрови, изложби и промоции, имавме саем на книги, научна трибина, а верувам, на задоволство на сите граѓани. Во Делчево свој концерт имаше Камерната опера од Благоевград со познатиот диригент Христо Христов, потоа концерт на квартетот „Вива стрингс“, па уживавме во серенадата на Градскиот хор од Штип. На сцената во Делчево настапи и познатиот македонски тенор Влатко Груевски во придружба на Андреј Наунов, но треба да потсетам и на одличните изложби кои беа отворени во Делчево, како историската изложба посветена на „Кирил и Методиј“ од Музејот на град Скопје, потоа историската изложба за Ченто, изложбата од Музејот Теракота во Виница и познатите винички теракоти, изложби во кои беше промовирано творештвото на познатиот ликовен уметник од Париз, Лена Ѓуриќ и локалниот уметник Петар Атанасов-Пепи.

10viva strings

11koncert dzene 12leto

13leto 14hor

 15hor1 16jazz

Сепак, Делчево со поддршка на пријателите од бизнис-секторот, организираше концерти за паметење во рамките на „Делчевското лето“, при што Делчево беше посетено од илјадници гости, како никогаш досега. Настапија: Дикато Бенд, Троја Бенд, но и ѕвездата на вечерта Данијела Мартиновиќ. Минатата година да потсетам на настапот на Игор Џамбазов и бендот на Гуру Харе. Таа вечер беше доволен доказ дека нашите граѓани се желни за вакви забави и тоа ни даде повод максимално да се организираме и да анимираме повеќе субјекти за да можеме да ги почестиме нашите сограѓани со концерти на отворено.

17џамбазов

18џамбазов 19dikato.

20troja 21danijela

22danijela

Мора да истакнам дека како Општина ги продолжуваме сите традиционални манифестации „Пијанечки денови на сливата, Пијанечко-малешевска свадба“, Голачките фолклорни средби, но и уникатниот ѕвегорски обичај под маски „Сурва“ за Василица и даваме несебична поддршка на фолклорните друштва од градот на тој начин афирмирајќи го живото културно наследство и промовирајќи го фолклорното богатство. Исто така, со посебен пиетет ги одбележуваме историските значајни датуми за македонската самобитност и државност. Поставивме ново спомен- обележје на Голак- паметник за историската воена акција Февруарскиот поход, а во соработката со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ поднесовме проект за конечна санација и реконструкција на спомен-домот посветен на Разловечкото востание, кој со години е оставен на маргините и пропаѓа.

 

 

Со задоволство сакам да потсетам дека во Делчево се одржа научна трибина посветена на 1150-годишнината од смртта на Константин Кирил Филозоф, во рамките на одбележување на празникот на градот посветен на светите браќа Кирил и Методиј, на која учествуваа еминентни професори-научници. Со тоа како Општина која ги слави како заштитници -светители словенските браќа, дадовме придонес во афирмација и популаризација на научната мисла промовирајќи го делото и оставштината на солунските браќа.

На полето на културната понуда имаме значително поместување од неколку причини. Прво, за прв пат на Седница на Советот донесовме Програма за култура, а второ ги обединивме сите локални институции и здруженија на граѓани кои работат на полето на културата и подготвивме пакет на понуди кои ќе задоволат различни вкусови. Отвораме нов лист во културните збиднувања и со засилено темпо ќе работиме и во наредниот период, бидејќи нашите сограѓани заслужуваат квалитетна културна понуда.

Останува до крајот на годинава да ја завршиме административната процедура за отворањето на Локалниот музеј „Пијанец“-кој ќе го чува и промовира историското, археолошкото, етнолошкото и палеонтолошкото богатство на Делчево и ќе иницира нови археолошки и палеонтолошки истражувања.

Спортот е важна карика. Општина Делчево организира спортски натпревари по ракомет по повод 7 Септември-Денот ослободување на Делчево, а на делчевските спортски клубови редовно алоцира средства и дава поддршка за нивно функционирање, но и за организирање клубски натпревари во Делчево.

Помагаме за развој на планинарството, како спортско-рекреативна дисциплина која носи и туристичка промоција на регионов. Дадовме поддршка на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево за реализација на иницијативите со кои природните раритети во Делчево ќе станат подостапни за сите љубители на природата. Ќе споменам дека уредена е планинарската патека СРЕДНА во должина од 12 км која ги направи подостапни познатите Кукуље кај Нов Истевник, исто така, дадовме поддршка и за првата национална планинарска трансферзала во Брегалничкиот регион ГОЛАК-ПЛАЧКОВИЦА, во должина од 63 км. со почеток од центарот на Делчево.

 

И во овој контекс, ќе кажам дека оваа Влада и Министерството за животна средина и просторно планирање ги прогласи за природни реткости Киселичката пештера, Специфичниот геолошки профил на карпи во село Ѕвегор и Палеонтолошкото наоѓалиште Стамер- светски познатото палеонтолошко наоѓалиште на пикерминска фауна. Сите овие локалитети, ги ставаме во функција на локалниот економски развој, но и ќе преземеме мерки за нивно сочувување.

Друг сегмент за кој сакам да обрнам посебно внимание е соработката со здруженијата на граѓани и поддршката што ја дава Општина Делчево на здруженијата.

Воведовме транспарнетна постапка за доделување средства од Општината за поддршка на здруженијата и градиме партнерство со НВО сектор.

Со поддршка на НВО, изработуваме стартешки документи кои веруваме дека ќе го подигнат квалитетот на услугите. Изработивме Стартегија и акциски план за родова еднаквост, а со целосна финансиска поддршка од Општина Делчево работиме на првиот стартешки документ за комуникација со јавноста. Општина Делчево има и Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор и Стратегија за социјална заштита.

Во партнерство со НВО-сектор и ЈЛБ „Илинден“ го опремивме и го ставивме во функција на сите граѓани мултифункционалниот центар кој придонесува за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики. Уредивме дел од оваа сала и со Одлука на Советот ја направивме културно место каде ќе се склучува граѓански брак, без никаков надоместок.

Општина Делчево не е изолирана општина како претходно, наши гости беа искусни амбасадори на пријателски земји, но и наши министри и директори на ЈП од каде Делчево добива несебична поддршка во реализацијата на проектите. Исто така, Општина Делчево, прв пат, беше презентирана надвор од Европа и во една од најбрзорастечките економии во светот - Кина, на Бизнис-самитот на Урбаната алијанса на патот на свилата. Делчево стана рамноправен член на Урбаната алијанса. Исто така, создадовме нови пријатели на Делчево и градиме контакти со цел промоција на Делчево и културните вредности на Пијанец, но и промоција на природните раритети кои даваат плодна основа за развој на туризмот, а секако, основната наша замисла е промоција на можностите за инвестиции кои даваат значаен придонес во локалниот економски развој. Овде ќе ги споменам посетите на Горажде во БИХ, на Тернопил Украина, на Жежов во Полска, Газиемир и Борнова во Измир-Турција.

А, за сите наши пријатели, за нашите иселеници, но и претставниците од бизнис-секторот, Општина Делчево за прв пат самостојно организираше Бизнис-форум, каде имаше над 120 учесници. Целта беше презентација на Општина Делчево и можностите за инвестиции. Оваа практика на одржување бизнис-форум ќе ја продолжиме и планирам за наредната година, повторно да ги собереме на заедничка маса нашите иселеници, потенцијалните инвеститори и претставниците на бизнис-секторот од регионот и од пријателските држави.

Почитувани,

Во ова мое обраќање ги споменав поголемите проекти, но за крај на оваа презентација ја оставив информацијата за доизградба на верскиот храм „Св.Кирил и Методиј“. Со донација од д-р Милен Врабевски ја завршивме фасадата на новата црква која две децении ја чекаше оваа доизградба. Со поддршка на фирмата „Ал дариво“ од Пехчево, поставени се влезните врати. Но, за комплетно завршување на овој проект, потребни се уште средства.

За таа цел, Општина Делчево отвори донаторска сметка и јас одовде повторно испраќам апел до сите поединци, но и фирми, да донираат и сите заедно да бидеме горди на верскиот храм кој по својата габаритност и убавина ќе биде украс на градот и најголем и најубав верски објект во регионот и кој ќе го носи потписот на сите нас, на оваа генерација граѓани кои дале свој придонес во изградбата на светиот храм посветен на браќата Кирил и Методиј кои Делчево ги слави како свои заштитници.

Ќе споменам уште еден факт на кој сум посебно горд и како жител на Старо Делчево, а сега и како градоначалник. Во Делчево создаваме услови и градиме соживот, имаме долга традиција на живот без поделби и без верски предрасуди. Затоа, ја потенцирам и соработката со Исламската верска заедница во Делчево која е на високо ниво. Не само што редовно заедно ги прославуваме верските празници оддавајќи почит кон различностите, туку ги решаваме и проблемите на заедницата задржувајќи го заедничкиот интерес за подобар живот, максимално ангажирани за соработка и решавање на заедничките проблеми.

 

Почитувани сограѓани,

Во овој отчет, не може да се опфатат и многубројните активности на кои секојдневно се работи, но главно, ги селектиравме покрупните проекти, оние кои се со знакот капитални и кои ќе остават белег во Делчево.

Заедно со Советот на Општина Делчево и претседателот Драган Маневски имавме квалитетен период во кој носевме одлуки во интерес на нашите сограѓани, решававме проблеми и создававме услови за развој на Општината во секоја сфера на живеење. Во оваа прилика изразувам голема благодарност за поддршката од сите советници, но и за поддршката и несебичниот ангажман на мојот тим и општинската адмиснитрација, но и на сите раководители на институции, бидејќи без тимска работа нема решавање на проблемите, а ние сме тука за нашите граѓани.

Свесни сме дека во Делчево има уште доста работа и пред нас е период кој бара максимална ангажираност и посветеност за дореализација на проектите и отпочнување нови кои ќе ни бидат предизвик за идниот период, бидејќи нашите сограѓани тоа и го заслужуваат.

Пред нас е интензивен период во кој јас и мојот тим ќе се вложиме максимално за да продолжиме по патот, кој убеден сум -ќе донесе подобар квалитет на животот, повеќе пари во секое семејство, ќе ги врати вредностите, а општината ќе порасне во вистински сервис на граѓаните. Како градоначалник и човек од збор и со достоинство, нема да дозволам моите сограѓани да бидат разочарани од локалната власт предводена од мене, локална власт создадена со голема дооверба и поддршка дадена пред две години на локалните избори.

Целиот напор се исплаќа само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле, а јас не се откажувам од остварувањето на мојата визија за Делчево- европско Делчево каде живеат задоволни граѓани.

Благодарам.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 15 Ноември 2019, 15.26 од Д.Чапевски
2019-11-15-14-30-04   Претставници од месни заедници, од граѓанските организации, претставници од бизнис-заедницата во Делчево учествуваат на Форумот за општински буџет кој го организираше Општина Делчево во...
Објавено на 13 Ноември 2019, 14.48 од Д.Чапевски
-31- 31. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.11.2019 година (среда) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Ноември 2019, 14.37 од Д.Чапевски
2019-11-13-13-39-50 Со низа активности предвидени во проектот „Интернет суперхерои“, Делчево се вклучува во борбата со лажните вести и дава свој придонес во медиумската писменост во рамките на Деновите на медиумската...
Објавено на 11 Ноември 2019, 12.38 од Д.Чапевски
2019-11-11-11-39-53 Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека ,,Средна” со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.46 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-47-51 Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани, претставници од месните и урбаните заедници, претставници од НВО-секторот, организации и правни лица дека организира „Форум за општински Буџет“ на...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-37-50  Во населбата СРЦ во тек е изградба на крак од фекална канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување цевки фи- 200, во должина од околу 30 метри по што канализационата линија ќе...
Објавено на 11 Ноември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-11-11-08-01-42 Разговор помеѓу две индивидуи со различни идеи и ставови за уметноста се спојуваат во една заедничка сликовита целина којашто доминира во просторот и со специфично осветлување и рефлексија ја креираат...
Објавено на 08 Ноември 2019, 14.25 од Д.Чапевски
2019-11-08-13-27-44  Интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2...
Објавено на 08 Ноември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-11-08-11-35-11 Согласно со препораките на Владата, од денеска во Општина Делчево се воспоставени дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај...
Објавено на 08 Ноември 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-11-08-10-13-53 ЛАГ Малеш – Пијанец  започнува со реализација на проект кој треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во трите општини Делчево Берово и Пехчево. Како еден од ...
Објавено на 07 Ноември 2019, 15.11 од Д.Чапевски
2019-11-07-14-24-15 Во централното градско подрачје, Делчево доби нова улица. Денеска се асфалтираше улицата позната како „Станбена улица 4“ која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка. Улицата која е во...
Објавено на 07 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-07-13-07-42   Општина Делчево во соработка со ПСД „Голак“ и планинарскиот водич, Љупчо Чучуковски,  ја започна едукативната кампања „Играме и учиме за природата“ која ги учи најмладите преку игра како да...
Објавено на 06 Ноември 2019, 13.28 од Д.Чапевски
2019-11-06-12-32-50  Со поставувањето нов асфалт, заврши изградбата на крак од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево. Денеска механизацијата од ОСД „Кирил“ ја асфалтираа улицата која е во должина од 50...
Објавено на 06 Ноември 2019, 08.24 од Д.Чапевски
2019-11-06-07-25-17 Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица, дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух,...
Објавено на 04 Ноември 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-11-04-11-08-00 Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната 2019/2020. Годинава ќе се доделуваат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година,...
Објавено на 01 Ноември 2019, 12.09 од Д.Чапевски
2019-11-01-12-35-41  Во циклусот прес-конференции посветени на работењето во изминатите 24 месеци локална власт, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, се осврна на инвестициите во образовниот систем,...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.36 од Д.Чапевски
-022019- РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈАОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1926/1131/10/2019 година ДЕЛЧЕВО            Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.18 од Д.Чапевски
2019-10-31-07-21-20  Од Црвената полумесечина на градот Измир, Турција, преку Здружението Македонско-турско пријателство од Измир, во Делчево пристигна донација наменета за ученици кои живеат во социјален ризик....
Објавено на 30 Октомври 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-10-30-09-13-10  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за реализираните проекти во изминатите 24 месеци од областите: чиста вода за пиење и здрава...
Објавено на 30 Октомври 2019, 08.52 од Д.Чапевски
2019-10-30-07-55-32  Во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево синоќа во мултифункционалниот центар во Делчево се одржа промоција на новото дело на писателката Билјана Тинтоска. Јавната локална библиотека...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1388
mod_vvisit_counterВчера2502
mod_vvisit_counterОваа недела1388
mod_vvisit_counterПретходна недела13696
mod_vvisit_counterОвој месец34881
mod_vvisit_counterПретходен месец65940
mod_vvisit_counterВкупно3071855

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.234.210.89
,
Денес: Ное 17, 2019