Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната 2019/2020.

Годинава ќе се доделуваат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година, односно Општина Делчево ќе додели 18 ученички стипендии во две категории.

Во првата категорија се предвидени 10 ученички стипендии за одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение и ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Висината на стипендијата изнесува 1.000 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година;

Општина Делчево ќе додели 8 стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат условите да се редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение, како и ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари. Висината на стипендијата изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година;

Годинава ќе се доделуваат 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во република Северна Македонија, во две категории.

Согалсно со Конкурсот се предвидува, Општина Делчево да додели 6 стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои се жители на Општина Делчево и студираат на државните универзитети во РСМ, а се редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето, студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2020 година.

 Во  втората категорија, Општина Делчево предвидува да додели 4 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РСМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето.

Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето, а рокот за пријавување е од 04.11.2019 година до 18.11.2019 година;

Конкурсот е објавен на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општинa Делчево- www.delcevo.gov.mk.

Повеќе информации за потребните документи и услови предвидени во Конкурсот можете да добиете на следните линкови:

http://delcevo.gov.mk/2010-01-05-21-55-39/doma/2011-01-15-09-09-35/2011-01-15-09-11-33/2786--10-2019.html

http://delcevo.gov.mk/2010-01-05-21-55-39/doma/2011-01-15-09-09-35/2011-01-15-09-11-33/2787-----18---------ii-iii--iv--2019.html

Share/Save/Bookmark