Понеделник, 11 Ноември 2019 11:31
Во населбата СРЦ во тек е изградба на крак од фекална канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување цевки фи- 200, во должина од околу 30 метри по што канализационата линија ќе биде приклучена на главната канализациона мрежа. Со оваа интеревенција финансирана од Општина Делчево, ќе се реши долгогодишен проблем на жителите кои живеат во населбата која, иако е урбанизирана пред околу дваесет години и каде има многу нови индивидуални градби за домување, се соочуваат со проблем од недостиг на основна инфраструктура.
Деновиве завршија и градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улица „Григор Прличев“ во населбата Милкови Брдо со што се реши уште еден голем проблем за жителите од оваа улица. Атмосферската канализација е во должина од 210 метри, а согласно со проектот, на 120 метри должина се поставени цевки од фи-400, а на 90 метри се поставени цевки фи-300. Исто така, поставени се и сите придружни објекти, контролни шахти, решетки за прибирање на атмосферските води, а се изврши санација на коловозот со асфалт на делот каде се поставуваше канализацијата.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски истакнува дека со изградбата на оваа инфраструктура се решаваат основните потреби на урбаните населби.
-Решаваме уште едно критично подрачје во населбата Милково Брдо која важи за големо сливно подрачје и со оваа интервенција се овозможува прибирање на атмосферските води во одводна инсталација и решавање на горливите проблеми на жителите од овој реон и честите поплавувања на подрумите и домовите. Додека во населбата СРЦ мора, како општина да одговориме на потребите од жителите и да добијат основна инфраструктура што е и белег на една урбана населба, рече Трајковски.
Инвестицијата за изградба на канализациската инфраструктура е на Општина Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.