Петок, 22 Ноември 2019 10:34
Сѐ е поготвено за акцијата за пошумување во урбаниот дел од градот која ја организира Општина Делчево, а ќе се одржи утре на 23.11.2019, сабота . За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите граѓани, институции и здруженија да земат масовно учество во акцијата со цел да се збогати зеленилото и бројот на садниците во градот со што се дава придонес за разубавување на градот , но и за чист амбиентален воздух во Делчево.
Садниците ќе се засадуваат во делот од мостот на р.Габровчица – паркот кај езерцата до градскиот стадион при што се планира да се засадат околу 100 садници од јавор и јасен, како и чемпреси и липи во парковите во центарот на градот, додека останатите ќе се засадуваат по школските дворови и по должината на булеварот.
Акцијата се спроведува паралено со кампањата против загадување на воздухот, а освен граѓаните во акцијата со свои активности за подготовка на теренот ќе се вклучат и ЈКП „Брегалница“ и ЈП „Национални шуми“- ПШС „Голак“ Делчево
Заинтересираните за учество во акцијата со себе да понесат алат за пошумување (ашов). Место на поаѓање пред Спомен- домот АСНОМ во 09.00часот.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.