Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0010_resize

DSC 0008_resize DSC 0015_resize

 

Со пригодна свеченост денеска во Делчево Здружението Фолклорна група „Копачка“ одбележа 5 години од впишувањето, на ова по многу нешта уникатно оро, на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.

Одбележувањето на овој несекојдневен јубилеј, започна со посетата на Спомен-собата на дедо Митко, долгогодишен ороводец на ФГ „Копачка“ која се наоѓа во Белчанското Маало во с. Драмче, а продолжи со дефиле на учесниците на настанот низ улиците во центарот на Делчево.

Централниот настан на кој настапија, освен „Копачката“, 7 фолклорни друштва и тоа од соседна Бугарија и од Источниот дел од државава, го отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека нема делчевец кој не е горд на играорците од ФГ „Копачка“ кои успеаја да го однесат орото високо на светската листа на нематеријално културно наследство креирана од УНЕСКО, но и да ја одржат фолклорната група на патот долг 71 година и да го промовираат она што е уникатно за нас и за овој крај, традиционалното оро  „Копачка“.

DSC 0004_resize

DSC 0007 DSC 0011

-За „Копачката“ се пишуваше многу, се раскажуваше за нејзиниот пат од Драмче, преку европските и балканските сцени, па сѐ до УНЕСКО. Приказната на „Копачката“ е и единствена по многу нешта, но во овие години, заеднички именител е ентузијазмот, љубовта кон фолклорот, несебичноста. Затоа, денес и играорците и нивните раководители и јас како градоначалник и Општина Делчево, како и Министерството за култура, сите заедно делувајќи секој од свој аспект, се стремиме кон повисоки вредности, кога е „Копачката“ во прашање. Ние денес работиме да го одржиме орото, да го промовираме и уште еднаш да докажеме дека тоа е живо оро, оро кое обединува стари и млади и кое е предизвик за играорците, бидејќи секој не може и не умее да го игра, истакна Трајковски.

Одбележувањето продолжи со промоција на збирката „ Јубилеј 5 години- Копачката во УНЕСКО“ при што промоторот, секретарот на Здружението, Перса Стојановска, истакна дека збирката е субвенционирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е од национален интерес во културата за 2019 година од областа на заштитата на нематеријалното културно наследство.

-Оваа брошура е двојазична и тоа на македонски и на англиски јазик, а ги опфаќа позначајните проекти реализирани во периодот, од крајот на 2014 до октомври 2019, а кои придонесуваат за одржливоста на орото „Копачката“ на Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на УНЕСКО. Во својство на раководител на проектите, одговорно тврдам дека со нивното реализирање и разновидните автивности почнувајќи од истражувачката дејност на традиционални вредности, па издавачка дејност со содржини врзани за опстојот на „Копачката“, настапите на фестивали, манифестации во земјата и странство, организирањето семинари, концерти, јубилеји итн. заокружуваме период на успешно негување на нематеријалното културно наследство на Пијанец, а со тоа и на „Копачката“, рече Стојановска

 Пред присутните се обрати и раководителот на ФГ, фолклористот, Димитар Узунски кој животниот век го посвети на „Копачката“. Потврдата од УНЕСКО за „Копачката“ е всушност, потврда за трудот и работата со играорците од Драмче и остварување на неговата животна цел да се заштитат чекорите на „Копачката“ со што се спасува од заборав една долга и уникатна ороводна традиција.

На 27.11.2014 година во Париз, на 18-та пленарна сесија на Меѓувладиниот комитетот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, беше донесена Одлуката за впишување на бисерот „Копачка“- соборско оро (машко и женско), од село Драмче, Пијанечки регион, во престижната Репрезентативна листа на УНЕСКО за нематеријални културни наследства на човештвото.

DSC 0012 DSC 0015_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...
Објавено на 14 Јануари 2020, 13.23 од Д.Чапевски
2020-01-14-12-27-55  Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и...
Објавено на 14 Јануари 2020, 11.08 од Д.Чапевски
2020----- Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.26 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-28-12 Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.01 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-02-45 Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000...
Објавено на 13 Јануари 2020, 08.21 од Д.Чапевски
2020-01-14-07-24-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по  повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии...
Објавено на 13 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-2020-    Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и...
Објавено на 10 Јануари 2020, 15.20 од Д.Чапевски
2020-01-10-13-41-32  Советот на Општина Делчево на редовната 34 Седница ја донесе Стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година со што Општина Делчево се запиша како прва општина од крајниот исток...
Објавено на 10 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-34- 34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 08 Јануари 2020, 13.28 од Д.Чапевски
2020-01-08-12-41-01  На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с....
Објавено на 31 Декември 2019, 12.40 од Д.Чапевски
2019-12-31-11-42-09 Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата...
Објавено на 31 Декември 2019, 11.20 од Д.Чапевски
2019-12-31-10-23-11 Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме...
Објавено на 27 Декември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-12-27-12-34-17  Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските...
Објавено на 27 Декември 2019, 08.18 од Д.Чапевски
-2020-    Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на...
Објавено на 26 Декември 2019, 17.01 од Д.Чапевски
2019-12-26-14-23-53     Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336.995.000 денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес461
mod_vvisit_counterВчера2459
mod_vvisit_counterОваа недела461
mod_vvisit_counterПретходна недела13977
mod_vvisit_counterОвој месец56062
mod_vvisit_counterПретходен месец76002
mod_vvisit_counterВкупно3244827

Присутни online: 16
Ваша IP: 34.204.200.74
,
Денес: Јан 27, 2020