Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

A1nela A14

„Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица. Преполната сала беше уште еден доказ дека делчевци сакаат да донираат и се вклучија во кампањата кој има за цел и да ја промовира филантропијата и општествената одговорност на фирмите. Специјални гости на вечерта  беа децата со посебни потреби од Делчево кои уживаа во музиката, а средствата собрани од овој концерт ќе бидат донирани за потребите на  Дневниот центар.

Активностите во рамките на кампањата Деновите на хуманоста-дарувај со љубов“  продолжуваат и денеска. Во 13 ч во Дневниот центар ќе биде отворена сензорната соба, проект на ИПР, Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа .

гости1

Во 19 ч ќе се прикажува новиот филм на Милчо Манчевски „Врба“во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“. Средствата од влезниците ќе се донираат на Дневниот центар. Во „Деновите на хуманост“ се вклучува и поетесата Ана Дедова од Кочани со промоција на нејзината втора книга поезија „Везот на животот“ што е во организација на ЈЛБ „Илинден“, а промоцијата е најавена за 5 декември во 13 ч во мултифункционалниот центар во спомен-домот АСНОМ.

Кампањата „Денови на хуманоста-дарувај со љубов“ Општина Делчево ја организира по втор пат по повод 3 Декември, Светски ден на лицата со псоебни потреби. Партнери во кампањата се локалните институции од областа на културата, НВО, Комисијата за еднкави можности и образовните институции.

A17

Share/Save/Bookmark