Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на повеќегодишнитеистражувања на палеонтолози и експерти од Природонаучен музеј на Македонија  и Природонаучниот музеј во Софија на палеонтолошките гробници на пикерминска фауна лоцирани во Долни Дисан-Неготино и Стамер-Ѕвегор-Делчевско.

 Како што истакна м-р Билјана Гаревска од Природонаучниот музеј Скопје, изложбата е воспитно-образовна и ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со една ретка фосилна мега фауна карактеристична за Балканот.

зложбата се состои од фосилен материјал од 5 различни видови фосилни слонови кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и др. кои се членови на така наречената пикермиска фауна. Односно,запознавање на посетителите со една интересна група на фосилни цицачи стари 8 милиони години, рече Гаревска.

На изложбата ќе бидат изложени и минерали од Делчевско, а ќе биде збогатена со теренски црно – бели документарни фотографии од авторот Александар Гаревски.

Изложбата е посветена на проф. д-р Ристо Гаревски најпознатиот македонски палеонтолог чиј потпис стои и на откритието на палеонтолошката гробница кај Стамер, како и најзначајното откритие во Стамер, фосилот од череп на жирафа.

Во Делчево изложбата ќе биде отворена на 11 декември со почеток во 13 ч. во фоајето на Спомен-домот АСНОМ. Со оваа тематска изложба, Општина Делчево ја отвора новогодишната програма во која се предвидени и новогодишни концерти и театарски претстави.

Share/Save/Bookmark