Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

cobiss-1

Во делчевската деветолетка Св.Климент Охридски“ се инсталира националниот библиотечен информациски систем КОБИС со што ова делчевско училиште е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка која има за цел да овозможи електронски приказ и пристап до фондот на книги кој го има училишната библиотека. 

Како што информираше Жаклина Галевска, претставник на Националната универзитетска библиотека, училиштето „Св.Климент Охридски“ од Делчево  со оваа активност ќе се поттикне интересот за книги кајученциите и нивните родители, ќе се влијае на подобрување на квалитетот во образованието и на можностите кои ги нуди училиштето. Со оваа програма се отвора можноста за пребарување на потребната литература и преку мобилна апликација.

За училиштето е важно, бидејќи ќе се води комплетна електронска евиденција на библиотечниот фонд и на членовите на библиотеката и тоа по меѓународни стандарди и прописи. Во моментот библиотеката во делчевското училиште располага со 3800 наслови, од кои најголем дел се стручна литература.

Инаку, ЈЛБ „Илинден“ е вклучена во системот КОБИС уште во 2004 година, односно во периодот кога се формираше овој систем на национално ниво и делчевската библиотека е една од првите во државата која работи по овој систем.

Посебен новитет што од први јануари наредната година го воведува градската јавна библиотека е електронската евиденција на позајмувањето.

Share/Save/Bookmark