Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0003_resize DSC 0005_resize

Уникатната изложба под работен наслов „8 Мега- ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и Музејот од Софија денеска беше отворена во Делчево. Изложбата е составена од фосили ископани во Долни Дисан-Неготинско кои нѐ враќаат 8 милиони години назад, во времето на миоценот, но и дел од фосилите од палеонтолошката гробница кај Стамер, кои докажуваат дека на територијата на нашата држава живееле праисториските животни -предците на денешната фауна во Северна Африка.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски,  кој ја отвори изложбата истакна дека ова е природното богатство со кое Делчево се гордее.

DSC 0010_resize

DSC 0014_resize DSC 0022_resize

- Моите заложби се да дадам поддршка да продолжи научната работа на овој терен,  за да видиме што уште крие земјата во Стамер, но првата задача која ја завршивме беше да ја заштитиме оваа територија како природна реткост, нешто што се препозна од Министерството за животна средина и за што добивме и официјална потврда. Втората задача на која работевме изминатиов период е повторно да го отвориме Локалниот музеј „Пијанец“ кој како посебна локална установа и во соработка со нашите пријатели од Природонаучниот музеј од Скопје, ќе има обврска и надлежност да иницира истражувања на теренот, но и да сочува како музејски експонати дел до фосилите кои ќе се откопаат на овој терен. Оваа изложба е, всушност, своевидна најава за почетокот на работа на Локалниот музеј „Пијанец“, кој во себе ќе го чува и промовира културното, историското етнолошкото, но и палеонтолошкото богатство на Пијанец, истакна Трајковски.

М-р Билјана Гаревска, виш кустос од Природонаучниот музеј од Скопје истакна дека  изложбата е воспитно-образовна и ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со една ретка фосилна мега фауна карактеристична за Балканот.

-Изложбата се состои од фосилен материјал од 5 различни видови фосилни слонови кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и др. кои се членови на така наречената пикерминска фауна. Односно, запознавање на посетителите со една интересна група на фосилни цицачи стари 8 милиони години. Исто така, изложени се и  минерали од Делчевско, како и теренски црно – бели документарни фотографии од авторот Александар Гаревски, рече Гаревска..

Изложбата во Делчево ќе биде отворена до средината на месец јануари наредната година.

DSC 0028_resize

DSC 0023_resize

Share/Save/Bookmark