Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево објавувa повторен Конкурс за доделување на ученички стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година од причини што одреден број на ученици се добитници на државна стипендија а согласно пропишаните услови од Министерството за образование и наука на РСМ за добивање на државна стипендија е да учениците не се приматели на стипендија од други институции.

1. Општина Делчево ќе додели 8(осум) стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево од II, III и IV година, во учебната 2019/2020 година, кои ги исполнуваат следните услови

 1.1. Редовни одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение

  1.2. Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 8 (осум) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)

1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

 1.2.1Семејно-материјалната положба на ученикот

     За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

2. Општина Делчево ќе додели 1 (една) стипендија на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1 Редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение

2.2. Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 1 (една) стипендија од точка 2 на конкурсот:

2.1.1 Континуиран одличен успех ( 4.50-5.00)

2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

 2.2.1 Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

     За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

3. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Септември 2020 година или за последниот месец од 2020 година за кој е земено плата;

4. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

5. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијатаза вработување;

6. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

7. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

8.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија

4. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

5.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

 

Постапка за доделување на ученички стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса:

Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендиите од точка 1 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2020 година;

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 17.12.2019 година до 26.12.2019 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark