Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден  18.12.2019 година, донесе

РЕШЕНИЕ за свикување на 33.редовна седница на
Советот на Општина Делчево

33. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.12.2019година (четврток) во 14:30 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

            За седницата е предложен следниот

Дневен ред

 -Усвојување на Записникот од 32.седница 

1.Буџет на Општина Делчево за 2020 година;
2.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година;
3.Буџетски календар за 2020 година;
4.Предлог-Одлука заљ утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година

Образлагач: По точките 1,2,3  и 4, Анка Христова-раководител на Одделението за финансиски прашања.

5.Предлог-Одлука за продолжување со работа на Локалниот историски,археолошки,етнолошки и природно-научен Музеј на град Делчево-Пијанец;

Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

6.Измени на Годишен план за враборување на Општина Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Џулиета Мемедова-Реферет за односи со млациски заедници.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Бр.09-2454/1
18.12.2019 год.                                                                                 
Д е л ч е в о

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски 

Share/Save/Bookmark