Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0033_resize асфалт Кеј_на_Брегалница_оригинал

Заврши комплетната реконструкција на крак од ул „Кеј на Брегалница“ која се реализираше со финансиски средства преку Програмата за поддршка на имплементацијата на Стратегијата на Ромите, финансирана од Владата преку Министерството за локална самоуправа. Вредноста на работите изнесува 159.244 ден.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска направи увид во завршните работи на улицата при што истакна дека се решава значајно инфраструктурно прашање за жителите во урбаната населба.

асфалт Кеј_на_Брегалница1.1

-Пристапната улица е во должина од над 80 метри и создаваше проблеми на жителите од населбата во која се лоцирани претежно станбени објекти за колективно домување, бидејќи во една урбана населба, тие газеа кал или поради оштетеноста на пристапната улица ги оштетуваа своите возила. Сакам да истакнам дека за оваа населба се подготвува проектна документација за изградба на уште една пристапна улица заедно со атмосферска канализација и верувам дека со овои инфраструктурни зафати, одговораме конкретно на барањата на жителите, рече Трајковски.

Инаку, преку Програмата за поддршка на имплементацијата на Стратегијата на Ромите, минатата година беше изградена улицата „Илинденска“ и  потпорен ѕид во населбата Трети реон. Бенефит од овие активности, освен Ромите кои живеат претежно во овие две населби, имаат сите граѓани на Делчево

 

Share/Save/Bookmark