Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

ukrasi

ukrasi a ukrasi b

Нови новогодишни светилки и декорации се поставени во централното градско подрачјеи за прв пат е целосно осветлен бул „Македонија“ од влезот во Делчево кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ до излезот на градот кон селото Ѕвегор. За потребите на овие новогодишни декорации претходно се поставени соодветни метални конструкции на канделабрите по должината на булеварот.

ukrasi c ukrasi e

Исто така, со посебни светлечки ефекти се украсени и делови од градскиот парк и паркот Езерце, мостот на река Брегалница и ул „Маршал Тито“ во централното градско подрачје.

За новогододишното разубавување на градот, Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ издвоија околу 120 илјади денари сопствени средства од буџетите.

Општина Делчево повторно апелира до сите граѓани да не ги уништуваат новогодишните светилки и реквизити кои се поставени за да се разубави новогодишниот празничен амбиент во градот, бидејќи со тоа уништуваат јавни добра купени со буџетски сретства на Општина Делчево. Покрај материјалната штета потенцијалните лица кои ги уништуваат овие предмети се изложуваат себеси на висок степен на ризик по сопственото здравје и живот, бидејќи ова новогодишно улично осветлување е под висок напон.

ukrasi h 

ukrasi m

Share/Save/Bookmark