Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

razlovci  razlovci a

Во делчевското село Разловци во тек е изградба на нова улица која тангира поголем број жители и ќе реши основни проблеми поврзани со патната инфраструктура на жителите селото Разловци. Улицата е во должина од околу 150 метри, а согласно со конфигурацијата на теренот и ширината на улицата, изградбата на коловозот е со бетон и со соодветно одводнување на атмосферските води. Оваа нова улица е согласно со ДУП за селото Разловци, а жителите подолго време бараа нејзина изградба.

razlovci b razlovci c

 Изведувач на работите е ОСД „Кирил“, а средствата се од Буџетот на Општина Делчево и во рамките на општиот тендер за изградба на улици во Делчево.

Претходната недела, а во рамките на овој инфраструктурен пакет, се асфалтираа две улици во с. Тработивиште во должина од околу 400 метри, а во овој инфраструктурен пакет спаѓа и изградбата на два крака улици во должина од над 300 метри во с. Град.

Share/Save/Bookmark