Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0160_resize

На тринаесетта Седница на Советот за развој на Источен плански регион што денеска се одржа во Делчево, градоначалниците го усвоија Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2020 година кој тежи 212.047.010 денари, како и Акцискиот план за 2020 година за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019.

Како што истакна директорката на ИПР, Драгица Здравева, планираниот буџет на Центарот за 2020 година е 3,6 милиони евра.

-Вкупно 82 % од вкупниот буџет на Центарот за ИПР се за капитални инвестиции или 183 милиони денари. Останатиот дел од 30 мил. денари се средства пренесени од претходната година и 10 мил. денари за тековно работење на центарот. Средствата се доволни за успшено работење на Центарот, истакна Здравева.

DSC 0163_resize DSC 0166_resize

 На денешната Седница на Советот на ИПР беа донесени одлуки за преостапување на изградените објекти  во Берово, Делчево, Чешиново-Облешево, Пехчево, Виница. За претседателот на Советот на ИПР, Благој Бочварски, тоа е доволен показател за успешната година на Советот на ИПР.

-Јас сум задоволен од тоа што е сработено, бидејќи денеска на Дневниот ред имаме преотстапување на десет изградени објекти од ИПР на користење на самите општини. Јас сум задоволен од енергијата на сите градоначалници кои се вложуваат да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните преку реализација на проектите, но и од меѓусебната соработка и посакувам наредната 2020 година да работиме уште поактивно, рече Бочварски.

 

Општина Делчево очекува наредната 2020 година од ИПР финансиски да се поддржи фаза од изградбата на современиот градски пазар во Делчево.

- Очекувам поддршка од сите градоначалници за Делчево да добие финансиска поддршка за една од фазите за изградба на современ градски пазар, проект кој има регионално значење ако се има предвид дека Делчево, како погранично место, е дестинација во која се чести гостите од соседна Бугарија, а реализацијата на овој проект ќе го помогне и локалниот економски развој. Сакам да истакнам дека со поддршка од ИПР во Делчево се реализираше значаен проект за граѓаните, а тоа е изградбата на пешачкиот мост на река Брегалница кој е во фаза на изградба на пристапните рампи на мостот, истакна Трајковски.

На денешната Седница на Советот на ИПР имаше расправа по Студијата за валоризација на предлог-подрачјето за заштита ,,Осоговски планини” во категоријата ,,Заштитен предел” на која учествуваше заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, како и претставници од рударските капацитети во регионот.

Share/Save/Bookmark