Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0166_resize

DSC 0162_resize DSC 0164_resize

 

Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336.995.000 денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од 110.881.000 денари, каде капиталните расходи  се планирани во износ од 60.112.000 денари, или 54%, додека тековно- оперативните расходи се планирани на износ од 50.769.000 ден. или 46%.

Според градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Буџетот за 2020 година е развоен буџет во кој најголем дел од проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти.

-Капиталните расходи се проектирани на ниво од 114.304.000 денари во вкупниот буџет, односно 60.112.000 денари во Основниот буџет и во најголем дел се однесуваат на изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа и во урбаниот, но и во руралниот дел на општината, во износ од 36,3 милиони денари, потоа на изготвување проекти за улици и патишта во износ од 2,2 мил денари, надомест за одземен имот во износ од 4 мил.денари, односно попознато како експропријација на земјиште, планирани се средства за изградба на капела, како и  средства за изградба на новиот зелен пазар кој е наш развоен проект за наредната година, рече Трајковски.

Во 2020 година планирана е изградба на улиците во населбата Басарица во износ од 21.867.127 ден. (дел од тие средства односно околу 17.000.000 ден.ќе бидат трансферирани од АФПЗРР), потоа изградба на канализација во истата населба, во износ 6.861.300 ден., (согласно со Договорот со АФПЗРР со износ од 6.187.226).

- Планирани се средства од донација за набавка на камион во ТППЕ, како и дел од грантот добиен преку МСИП- проектот  за набавка на возило во ЈПК за чистење улици. Оваа година е планирано и домашно задолжување за реконструкција на улиците „В.Јоциќ“, дел од ул. „М.Тито“ (од касарната па до населбата), и ул.7 кај СРЦ. Овие расходи се во функција на подобрување на јавните услуги и подобрување на инфраструктурата во Општината, истакна Трајковски.

Тој потенцираше дека во новиот Буџет, покрај стимулациите со стипендии за талентираните средношколци и студенти од Делчево, наредната година се воведува нова мерка за првачињата со која се предвидува Општина Делчево да доделува по 3.000 денари на секое прваче кое ќе се запише во прво одделение во основните училишта во Делчево.

-Со оваа мерка сакаме да дадеме поддршка на родителите за да го подготват своето прваче за почетокот на неговото школување, но и сакаме да покажеме дека се грижиме за нашите деца кои сакаме да останат да се школуваат дома. За културни настани имаме предвидено 1,1 милион денари, за поддршка на спортските клубови и здруженијата на граѓани предвидовме 1.250.000 ден. Односно, сакаме да одговориме на потребите на граѓаните во секоја смисла што го карактеризира и квалитетот на животот на нашите сограѓани, рече Трајковски.

На денешната Седница, советниците ја донесоа и Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година, Буџетскиот календар за 2020 година, Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година, Одлуката за продолжување со работа на Локалниот историски, археолошки,етнолошки и палеонтолошки музеј на град Делчево „Пијанец“.

DSC 0167_resize DSC 0169_resize

Share/Save/Bookmark