Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

budzet a 

Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на дотации, буџет на донации, буџет на самофинансирачки активности и буџет на заеми и кредити.
Буџетот на Општина Делчево се состои од општ, посебен и развоен дел.

Општиот дел, содржи биланс на приходи и расходи, функционална класификација на расходи, биланс на тековно оперативни приходи и расходи и биланс на капитални приходи и расходи. Согласно дополнувањето на Законот за финансирање на ЕЛС Сл.весник 209 од 15.11.2018 година, има ограничување во однос на планирањето на приходите за наредната година, кои се планираат со пораст од најмногу 10% од просечно остварените приходи од претходните три години, според податоците од трезорската евиденција. Оваа година има повторно измена на Законот за финансирање на ЕЛС Сл.весник 244/19, каде се овозможува планирање на приходите со пораст од најмногу 30% од остварените приходи од последните три години.

Просечно остварените приходи се пресметуваат од сопствените приходи, односно од сл.видови на приходи:,даночни, неданочни, капитални приходи и трансфери без дотација од данокот на доданеа вредност. Овој износ може да се зголемува кога општината има документ односно Договор, со кој се утврдува трансфер на средства од државната институција.

Рамката за планирање на буџетот е 87.005.522 денари. Овој износ е зголемен со договори од АФПЗРР во износ од 23.876.115 ден. (17.688.889ден. и 6.187.226 ден.)

Планирани извори на приходи во буџетот за 2020 година и приливи од кои ќе се финансираат расходите и одливите на Буџетот на општина Делчево се:

 

1.Даночни приходи
2.Неданочни приходи
3.Капитални приходи
4.Трансфери и донации и
5.Кредити и заеми 

Даночни приходи

35.903.000

11%

Неданочни приходи

16.702.000

5%

Капитални приходи

4.355.000

1%

Приходи од дотации

159.346.000

47%

Приходи од трансфери

70.288.000

21%

Приходи од донации

18.148.000

5%

Приходи од кредити

32.253.000

10%

ВКУПНО:

336.995.000

100%

budzet b

  1. Даночни приходи: 

Даночните приходи кои се планирани во износ од 35.903.000 денари се:

 

Данок од доход

2.300.000

6%

Даноци од имот

12.802.000

36%

Даноци од специфични услуги

20.211.000

56%

Такси за користење или дозволи за вршење на дејност

590.000

2%

Вкупно:

35.903.000

100%

budzet c

 Кај структурата  на даночните приходи може да се забележи дека најголемо учество имаат приходите остварени од даноците од специфични услуги ( во нив влегуваат комунална такса за истакната фирма, комунална такса за користење на улици со патнички, товарни моторни возила, надомест за уредување на градежно земјиште, комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување и др.), додека данокот на имот во вкупните даночни приходи учествува со 36%.

 

  1. Неданочни приходи

    Структурата на неданочните приходи за 2020 година во вкупниот буџет на Општина Делчевоизгледа вака:

 

Такси и надоместоци

11.517.000

69%

Административни такси и надоместоци кои се плаќаат за списите и дејствијата кај органите на општината

 

600.000

 

3,6%

Други владини услуги (приходи од катастерски услуги)

35.000

0,2%

Други неданочни приходи

4.550.000

27,2%

Вкупно:

16.702.000

100%

budzet d 

  1. Трансфери и донации 

 Учеството на трансферите од други нивоа на власт и донациите во вкупниот буџет на Општината за 2020 година се застапени со износ од 247.782.000 денари или 73,5%.

  Капиталните приходи се планирани во износ од 4.355.000 денари и тоа: од продажба на неизградено градежно земјиште во сопственост на државата во износ од 500.000 денари, приходи од закуп на земјоделско земјиште во сопственост на државата во износ од 1.500.000 ден. надомест за концесии за експлоатација на минерални суровини во износ од 350.000 денари, надомест за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во износ од 2.000.000 денари. 

Планирани буџетски расходи на Општина Делчево

  Вкупните расходи на буџетот на Општината за 2020 година изнесуваат 336.995.000 денари. Буџетскиот дефицит е планиран на -   36.236.000 денари. Повисоките расходи се финансирани од други приливи, односно од пренесеното салдо од минати години и од домашно задолжување.Структурата на расходите во буџетот на општината се состои од тековно оперативни и капитални расходи.

Тековно- оперативни расходи 

Согласно законската регулатива општинскиот буџет се следи преку различните видови на расходи, односно тековно оперативните и капиталните расходи. Платите се неопходни за функционирање на општината и се планира да опфатат околу 48% од вкупно планираните расходи во вкупниот буџет, а заедно со надоместоците во кој износ се планирани и надоместоците за седниците на Советот на општината изнесуваат 49%. Средствата од тековната резерва се користат кога за одредени итни потреби на општината или буџетските корисници, не се обезбедени средства или не се обезбедени во доволен износ.

budzet e

 

Расходите се утврдени по одредени намени и видови согласно економската класификација на расходи.

 

40

Плати и надоместоци

164.757.000

41

Резерви и недефинирани расходи

80.000

42

Стоки и услуги

51.904.000

45

Каматни плаќања

170.000

46

Субвенции и трансфери

3.125.000

47

Социјални бенефиции

800.000

48

Капитални расходи

114.304.000

49

Отплата на главница

1.855.000

 

Вкупно :

336.995.000

budzet f

Во делот на расходите на стоки и услуги отпаѓаат 15%, каде што покрај обезбедувањето на редовното функционирање на општината се содржани и расходите за финансирање на комуналните услуги и дел од тековното одржување на основното и средното образование, библиотекарството и детската заштита.

Капитални расходи

Капиталните расходи во вкупниот буџет се планирани во износ од 114.304.000 ден., додека во основниот буџет се планирани во износ од 60.112.000 ден., и во најголем дел се однесуваат на изготвување на проекти за улици и патишта, изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа како во урбаниот така и во руралниот дел на општината, планирани се и средства за изградба на капела, како и планирани средства за новиот пазар.

budzet g

 

Тековно-оперативните и капиталните расходи се дадени во посебниот дел од Буџетот на оштината распределени по соодветни програми и потпрограми.  Ако го анализираме основниот буџет ќе видиме дека тој е проектиран на износ од 110.881.000 денари. 
Планирани извори на приходи во основниот буџет на општина Делчево за 2020 година, се:

 

Даночни приходи

35.903.000

Неданочни приходи

5.335.000

Капитални приходи

4.355.000

Трансфери и донации

65.288.000

budzet h

budzet j

budzet k

 

Капиталните приходи се планирани во вкупен износ од 4.355.000 денари, и тоа: 

- од продажба на неизградено градежно земјиште во сопственост на државата во износ од 500.000 денари,
- приходи од закуп на земјоделско земјиште во сопственост на државата во износ од 1.500.000  денари,
- надомест за концесии за експлоатација на минерални суровини во износ од 350.000 денари,
- надомест за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во износ од 2.000.000 денари.

budzet l

Структурата на расходите во буџетот на општината се состои од тековно оперативни и капитални расходи.

budzet m

budzet n

 Капитални расходи

 Капиталните расходи во основниот буџет се планирани во износ од 60.112.000 денари, и во најголем дел се однесуваат на изготвување на проекти за улици и патишта, надомест за одземен имот, изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа како во урбаниот така и во руралниот дел на општината, планирани се и средства за изградба на капела, како и средства за новиот пазар.

Капитални расходи во основниот буџет

  •  - Подготвување на проекти за улици и патишта-- 2.200.000
  • - Изградба на улици патишта и автопати-------     17.688.000
  • - Реконструкција на улици и патишта --------------18.567.000
  • - Изградба и реконструкција на
  • - пречистителни станици--------------------------------- 6.862.000
  • - Изградба на други објекти -------------------------     9.820.000
  • - надзор над изградбата   ---------------                       200.000
  • - купување на канцел. опрема          ---------------        80.000
  • -купување опрема за греење и клим.-----------------    50.000  
  • - купување на друга опрема   -------------                   395.000
  • -купување на информ. и видео опрема -------------   100.000
  • - компјутерски софтвер                       -------------       150.000
  • -надомест за одземен имот       --------------             4.000.000

                                ВКУПНО:           --------------    60.112.000

Тековно- оперативните и капиталните расходи се дадени во посебниот дел од Буџетот на Општината распределени по соодветни програми и потпрограми.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...
Објавено на 14 Јануари 2020, 13.23 од Д.Чапевски
2020-01-14-12-27-55  Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и...
Објавено на 14 Јануари 2020, 11.08 од Д.Чапевски
2020----- Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.26 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-28-12 Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.01 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-02-45 Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000...
Објавено на 13 Јануари 2020, 08.21 од Д.Чапевски
2020-01-14-07-24-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по  повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии...
Објавено на 13 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-2020-    Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и...
Објавено на 10 Јануари 2020, 15.20 од Д.Чапевски
2020-01-10-13-41-32  Советот на Општина Делчево на редовната 34 Седница ја донесе Стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година со што Општина Делчево се запиша како прва општина од крајниот исток...
Објавено на 10 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-34- 34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 08 Јануари 2020, 13.28 од Д.Чапевски
2020-01-08-12-41-01  На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с....
Објавено на 31 Декември 2019, 12.40 од Д.Чапевски
2019-12-31-11-42-09 Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата...
Објавено на 31 Декември 2019, 11.20 од Д.Чапевски
2019-12-31-10-23-11 Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме...
Објавено на 27 Декември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-12-27-12-34-17  Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските...
Објавено на 27 Декември 2019, 08.18 од Д.Чапевски
-2020-    Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на...
Објавено на 26 Декември 2019, 17.01 од Д.Чапевски
2019-12-26-14-23-53     Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336.995.000 денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1198
mod_vvisit_counterВчера2941
mod_vvisit_counterОваа недела1198
mod_vvisit_counterПретходна недела13709
mod_vvisit_counterОвој месец54340
mod_vvisit_counterПретходен месец76002
mod_vvisit_counterВкупно3243105

Присутни online: 46
Ваша IP: 18.210.24.208
,
Денес: Јан 26, 2020