Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0165_resize DSC 0171_resize

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските одделенија од двете деветолетки, како и децата од Дневниот центар. Оваа активност е дел од одбележувањето на новогодишните празнувања во Делчево што традиционално започнува со најмладите, бидејќи на новогодишните празнувања и на Дедо Мраз кој е симбол на детството и исполнување на детските желби, најмногу се радуваат дечињата.

Трајковски истакна дека новогодишните пактечиња се доделуваат со цел сите дечиња во Делчево да ја осетат новогодишната магија.

DSC 0175_resize

-Традиционално во пресрет на Новата година ги посетуваме институциите кои згрижуваат деца, како и образовните институции и доделуваме новогодишни пакетчиња сакајќи да обрнеме внимание на секое дете од нашиот град и да да ги разубавиме празниците на сите дечиња во Делчево. За оваа традиционална предновогодишна активност, Општина Делчево во партнерство со бизнис-секторот оваа година обезбеди 1000 новогодишни пакетчиња. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите претставници од бизнис- заедницата кои учествуваа во оваа новогодишна мисија, а воедно, на сите дечиња им посакувам да имаат среќно и безгрижно детство и Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки, но и успеси во училиштето, истакна Трајковски

DSC 0197_resize DSC 0214_resize

DSC 0218_resize

DSC 0224_resize

Share/Save/Bookmark