Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

varna

Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата средба меѓу градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и градоначалникот на град Варна- реон Младост од соседна Бугарија, Христо Христов која се оствари денеска во кабинетот на градоначалникот Трајковски.

На средбата беше изразена заедничката заложба на градоначалниците да се прошири пријателството и да се развива во повеќе сфери, како култура, образование и економија. 

Share/Save/Bookmark