Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

elka b

Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот имот.

Од тие причини, Општина Делчево повторно ги информира граѓаните дека ќе се преземат ригорозни мерки за заштита на општинскиот имот, а согласно со Измените за Законот за јавна чистота од 2013 година, односно согласно со член 14 а, став 1 и алинеја 7,  заради обезбедување јавна чистота на јавна површина, е  забрането уништување на урбана и друга опрема. Казната за овие дела е мандатна и согласно со член 33 а од истиот Закон, таа изнесува 200 евра во денарска противвредност.

Од тие причини, инсепкциските служби на Општина Делчево ќе ги засилат контролите на јавните површини во центарот на градот. Во оваа смисла уште апелираме да не се уништува урбаната опрема, како и новогодишните светилки и реквизити, бидејќи со тоа се уништуваат јавни добра купени со буџетски сретства на Општина Делчево, а покрај материјалната штета, лицата кои ги уништуваат новогодишните свтелечки украси кои се под висок напон, се изложуваат на ризик по сопственото здравје и живот.

elka c

Share/Save/Bookmark