Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Видео:Ученици од основните училишта во посета на ЕЛС Делчево

Печати PDF

IMG 4154_resize

Во рамки на редовните програмски активности на учениците од основните училишта во Делчево, денес во посета на просториите на општинската администрација беа учениците од третите одделенија од ООУ Ванчо Прќе и ООУ Св.Климент Охридски.

Учениците во рамки на нивната посета на општина Делчево имаа можност да се запознаат како со работата на градоначалникот, така и со работата на одделенијата , систематизирани во општинската администрација.

IMG 4149_resize IMG 4185_resize

Посетата беше организирана за две групи на ученици, заедно со нивните наставнички при што дечињата имаа можност да поставуваат прашања како на вработените во администрацијата, така и директно на градоначалникот Малешевски и претседателот на Советот на општина Делчево, Николче Трајановски. Истовремено и градоначалникот ги прашуваше дечињата колку тие се запознаени со работата на општинската администрација, во рамки на нивното образование.

IMG 4188_resize

Оваа практика на прием на дечињата од основното образование премина во традиционална активност секоја година (оваа година се одржува по 4-ти пат), со едукативни цели и отвореност на општина Делчево за соработка со сите категории на групи на граѓани. Ваквата соработка ке продолжи и понатаму да се практикува, се со цел на доближување на работата на ЕЛС Делчево до граѓаните а пред се најмладите.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 29
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020