Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Со пирова победа КК Клубски го одигра натпреварот од Кошаркарскиот куп на Македонија во Делчево

Печати PDF

Во недела, на  06.02.2011 година, екипата на КК „Клубски“ од Делчево пред преполната спортска сала во Делчево, ја совлада екипата на КК „Трокал“ од Кавадарци, во рамките на четвртфиналниот натпревар од Кошаркарскиот куп на Македонија, со резултат 65:59. Со овој резултат екипата на КК „Клубски“ го напушта Кошаркарскиот Куп на Македонија за оваа година со оглед на изгубениот натпревар од КК „Трокал“ во Кавадарци со 17 поени разлика во корист на домаќинот.

Thumbnail imageThumbnail image

Натпреварот започна со изедначени сили на двете екипи кои  повремено се менуваа со предноста во резултатот, во текот на првата четвртина. Со започнувањето на втората четвртина екипата на „КК Клубски“ ја покажа својата надмоќ над противникот со целосна доминација, со играта во напад и во одбрана, што резултираше со резултатска предност од 12 поени разлика. Оваа резултатска разлика во корист на КК „Клубски“ се одржуваше до крајот на натпреварот кога во последната четвртина кошаркарките на КК „Трокал“ успеаа да се доближат на 6 поени разлика, најмногу поради неефикасноста и големиот број промашувања од поле на кошаркарките на КК „Клубски“.

Thumbnail imageThumbnail image

Оваа полусезона екипата на КК „Клубски“ стартуваше со подновен состав во своите редови, со што се изгради во една компактна екипа која доминира со своите физички предиспозиции и височина. Уиграноста на тимот и тимската работа на кошаркарките ќе бидат пресудни во стремежите на екипата од Делчево за освојување на повисоки места во рамките на Првата кошаркарска лига на Македонија. Сите погледи на пошироката спортска јавност во Делчево се свртени кон тренерската клупа на КК „Клубски“, од која се очекуваат големи дострели на овој кошаркарски клуб, за оваа полусезона на натпревари.

Thumbnail image

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 27
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020