Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржан состанок на членовите на АДКОМ во Делчево

Печати PDF

На покана на Директорот на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево, г-дин Николчо Николовски, во просториите на ова јавно претпријатие, во петок 04.02.2011 година, се одржа состанок на директорите од Источна Македонија, чиишто претпријатија се членки на Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија-АДКОМ. Состанокот е прв од ваков карактер и на вакво ниво на разговори и соработка помеѓу општините, преку јавните комунални претпријатија. На состанокот беа присутни 12 директори на јавни комунални претпријатија од Источна и Централна Македонија и на него се разговараше на повеќе теми и предизвици со кои се соочуваат јавните претпријатија во текот на нивното работење.

Thumbnail imageThumbnail image

Заклучоци кои произлегоа од овој состанок се следните:

  1. Поднесување иницијатива за проширување на соработката на АДКОМ со слични здруженија од соседните држави, особено од Република Србија и Република Бугарија, бидејќи  АДКОМ претходно има искуство за соработка со групации слични по функција од Албанија, Косово, Црна Гора.
  2. Да се прецизира начинот на соработката помеѓу јавните комунални претпријатија и локалните самоуправи  и Градоначалниците во општините  кои се основачи на тие јавни претпријатија, преку соодветна унификација на формата на оваа соработка. Беа посочени повеќе позитивни примери на остварување на оваа соработка во општина Велес, Штип и Кочани. Според кажаното на состанокот најпрактичен вид на соработка помеѓу Јавно претпријатие и ЕЛС како негов основач е со поднесување на програма до органите на локалната самоуправа (нешто што во Делчево и досега се практикуваше). По усвојувањето на Програмата од страна на Советот, следува нејзина реализација. Новина во овој  начин на соработка во Делчево ќе биде склучувањето на Договор за наплата на износот на финансиските средства од реализираните активности на ЈПКД „Брегалница“ и наплатата на средствата по ситуации од реализацијата на оперативните зафати на претпријатието. Договорот ќе биде склучен помеѓу Директорот на ЈПКД „Брегалница“ и Градоначалникот на Општина Делчево.
  3. Практиката  на ваков вид  на состаноци да продолжи и во иднина, еднаш месечно, со ротирачки принцип на локацијата на состаноците, по примерот на состаноците на Советот на Градоначалници  на планските региони во РМ.

Thumbnail imageThumbnail image

По состанокот,  присутните беа во обиколка на градот Делчево при  што од страна на Директорот на ЈПКД „Брегалница“ – Делчево, г-дин Николчо Николовски беше презентиран дел од работата на ЈПКД „Брегалница“ во изминатиот  период  (неполни две години од неговото работење), при што беше презентиран новиот начин на далечинско модуларно читање на состојбата на водомерните броила и беа нагласени придобивките од оваа современа технологија која „ЈПКД Брегалница“ ја применува во Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1760
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7440
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46321
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301847

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020