Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Најава за реализација на повеќе проекти во 3-ти реон во Делчево

Печати PDF
Во понеделник, на 07.02.2011 година, во рамките на своите работни активности, Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски оствари состанок со претставниците на Урбаната заедница на 3-ти реон во Делчево, на местото на новоизградената улица која неодамна беше реализирана со средства од Буџетот на Општина Делчево.
Thumbnail imageThumbnail image
Реализацијата на изградбата на оваа улица резултираше по претходно одржаните состаноци  на претставниците на оваа Урбана заедница и утврдените приоритетни активности за реализација од страна на граѓаните кои живеат во овој реон од градот Делчево. Цената на чинење на новоизградената улица, според ситуацијата од документацијата за јавна набавка, која Општина Делчево ја спроведе кон крајот на минатата година, изнесува 568.535,00 денари.Изградени беа 94 метри должина на улицата со 400 метри квадратни површина и 140 метри поставени ивичници. Со изградбата на оваа улица решен е поголем проблем како во сообраќајната комуникација на граѓаните од овој дел на градот, така и во нанесувањето на земјен материјал во време на обилни врнежи на дожд кој завршува во канализационата мрежа во пониските нивоа на Делчево, при што канализациониот систем се полни и доведува до проблематично функционирање на истиот.
Thumbnail imageThumbnail image

На состанокот помеѓу Градоначалникот и претставниците на Урбаната заедница беше разговарано за проектите кои ќе бидат реализирани во блиска иднина на територијата на 3-ти реон, како и неопходноста од активно партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Годишната програма за реализација на ЕЛС Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 29
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020