Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржано советување во врска со безбедносната состојба во училиштата во Делчево

Печати PDF
На иницијатива на Инспекторот за образование од Подрачната единица на Министерството за образование и наука на РМ, во понеделник на 07.02.2011 година, во кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчев, се одржа консултативно советување од превентивен карактер, во врска со безбедносната состојба во училиштата во Делчево. На состанокот, покрај Градоначалникот, беа присутни Командирот на Полициската станица во Делчево, Инспекторот за превенција, Директорите на основните училишта, Директорот на СОУ „М.М. Брицо“, како и Секретарот на ЕЛС Делчево. Идејата за иницирање на еден ваков состанок изворно потекнала од регионот на општините Делчево-Кочани, со интенција на превентивно делување на надлежните институции за соочување со потенцијалните проблеми во врска со безбедносната состојба во училиштата. Различните искуства кои потекнуваат од различните средини и состојби на територијата на општина Делчево подразбираат и различни начини за справување со предизвиците кои произлегуваат од тие искуства.

Како можни варијанти на состанокот се споменаа физичкото обезбедување на училиштата, видео-надзорот, засиленото присуство на полицијата, особено во фреквентните периоди од работниот ден, како и едукација на дежурните служби во училиштата. Директорите на училиштата истакнаа дека  потенцијално проблематичен период е големиот одмор, завршувањето на прва смена и почетокот на втора смена, како и завршувањето на втората смена, поради големата масовност на движење на учениците во овие периоди. Исто така, како проблем беше идентификувано неовластеното паркирање на моторни возила покрај дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“, долж булеварот „М.М. Брицо“, посебно од страна  на вработените во ова училиште. Како решение на ваквиот проблем директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“ ја најави изградбата на нов паркинг- простор во кругот на училиштето, со средства обезбедени од ЕЛС Делчево.

Како заклучоци на состанокот беа усвоени следните препораки:

  • Полицијата да го засили физичкото присуство во околината на училиштата особено во најфреквентните термини кога има големо раздвижување на ученици;
  • Да се инсталираат системи за видео-надзор во училиштата, согласно финансиските можности  на општината и училиштата;
  • Да се обезбедат ефективни дежурства на учениците и службените лица во училиштата.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1760
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7440
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46321
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301847

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020