Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Прва победа во првиот натпревар на КК Клубски за почеток на вториот дел на првата кошаркарска лига на Македонија за жени

Печати PDF

Thumbnail image

Екипата на КК „Клубски“ од Делчево, со победа над екипата на КК „Пантери“ од Скопје, го започна натпреварувањето на гости во вториот дел од сезоната во Првата кошаркарска лига за жени на Македонија. Резултатот на крајот од натпреварот беше 49:63 во корист на гостите со што кошаркарките на КК „Клубски“ се реваншираа за поразот на стартот во минатата полусезона.

Уште на самиот почеток на натпреварот екипата на КК „Клубски“ ја покажа својата доминација над домаќините во сите сегменти на играта, што резултираше со позитива  од десет кошеви разлика во поголемиот дел од натпреварот. Дури четири кошаркарки на КК „Клубски“ постигнаа двоцифрен број на кошеви што беше резултат на посветената тимска игра и ангажман на кошаркарките. Најдобра поединка на натпреварот во однос на постигнатите кошеви и во играта воопшто беше Даниела Вучковиќ со постигнати 17 поени, а по неа од екипата на КК „Клубски“ следеа  Ангелова со 12, Костова со 12, Стојановска со 11, Гавриловска со 7 и Горчилова со 4 поени. Во наредното 11 коло na 19.02.2011 година, екипата на КК „Клубски“ во Делчево ја пречекува екипата на „Вигор“ од Скопје.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1760
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7440
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46321
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301847

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020