Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Презентација на софтверската алатка "Пријави проблем"

Печати PDF

Thumbnail image

Во четврток со почеток во 11.300 часот во просториите на ЕЛС Делчево беше презентирана софтверската алатка "Пријави проблем". Оваа онлајн апликација е проект на Министерството за локална самоуправа, кој се имплементира како донација на USAID Македонија, и бесплатно им се доделува на заинтересираните општини на користење, прилагодена според нивните потреби.

Општина Делчево покажа интерес за користење на оваа апликација која во огромна мера би придонело за дигитализацијата на работењето на надлежните оделенија во процесот на комуникација и остварување на правата на граѓаните и решавање на нивните соодветни проблеми поврзани со комуналната сфера на надлежностите на општината. Оваа софтверска апликација ке биде предадена во сопственост на  ЗЕЛС на чии што сервери ке биде инсталирана, а потоа распределена соо соодветни кориснички сметки за секоја општина пооделно. Преку оваа апликација граѓаните од соодветната општина ке можат на едноставен начин да поднесат пријава на проблем од областа на различниот делокруг на работење на единиците на локална самоуправа, по електронски пат преку глобалната мрежа на Интернет. Функционалноста на апликацијата е доведена на најупростено можно ниво, така што било  кој од граѓаните ке може да ја користи, кој е приклучен на интернет, со елементарни познавања на апликативно работење.

 

Овој електронски начин на кореспонденција со општинските оделенија, не значи дефинитивна замена за класичниот начин на комуникација со граѓаните, туку негово надополнување и олеснување за граѓаните кои ке одберат истиот да го користат, без да доаѓаат во контакт лично со органите на општината на кои оваа комуникација се однесува. За конечното пуштање во употреба на оваа апликација, јавноста во Делчево дополнително ке биде известена преку дополнителна најава на нашиот веб портал и другите медиуми кои се на располагање.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1760
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7440
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46321
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301847

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020