Во тек е реконструкција на дел од канализациона линија долж улицата 8-ми септември

Печати

IMG 4051_resize

Започна реконструкција на канализациона линија долж улицата 8-ми септември во населбата 1-ви реон.Реализацијата на овој проект следува по укажаната иницијатива од страна на граѓаните кои живеат во овој дел од населбата, а како резултат на долгогодишните проблеми кои оваа канализациона линија ги предизвикува, со оглед на претходно несоодветно поставување и изградба.

Имено поради повисока кота на поставеност на нивелетата на канализацијата, истата предизвикуваше поплавување во дел од домовите долж оваа улица.

IMG 4047_resize

Екипи на ЈПКД Брегалница пристапија кон демонтажа на постоечките цевки, како и нивно нивелирање и поставување според нови коти согласно нивното оптимално искористување.

Станува збор за интервенција на околу 200 метри канализациони цевки со профил ф500.

По реконструкцијата на оваа канализациона линија ке следува изградба на делот од улицата 8-ми септември, со нејзино тампонирање и асфалтирање.

реализацијата на овие градежни работи е дел од годишната програма за реализација на градоначалникот Горан Малешевски за 2012 година, со сретства од Буџетот на општина Делчево.

Share/Save/Bookmark