Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Од 19-та седница на советот на општина Делчево

Печати PDF

Thumbnail imageНа 23.02.2011 година (среда) Советот на Општина Делчево ја одржа својата 19.редовна седница, инаку прва во 2011 година.

Во присуство на сите 15 членови на Советот, Градоначалникот и образлагачите на точките, Советот на Општината расправаше и донесе 19 точки и тоа:

1. Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2011 година;

Образлагач: Тони Трајановски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

2. Предлог-Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево  со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Николовски-Командир на Полициска станица од општа надлежност-Делчево.

Thumbnail imageThumbnail image

3. Предлог-Извештај за работата на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево за 2010 година со Заклучок за усвојување;

4. Предлог-Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево за 2011 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Лидија Дамјанова-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

5. Предлог-Одлука за утврдување зони  за проценка на наедвижен имот на подрачјето на општина Делчево;

Образалагач: Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште.

6.Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2011 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам.

Thumbnail imageThumbnail image

7. Мислење за План и Програма за изведување на еднодневна зимска екскурзија „Пониква“ Кочани 2011 бр.10-68/1 од 28.01.2011;

8. Мислење за Програмата за изведување на тридневна екскурзија низ Р. Македонија со учениците од IV одделение бр.10-86/1 од 07.02.2011;

9.Мислење за Програмата за изведување на четиридневна екскурзија низ Р. Македонија со учениците од VII-те одделенија бр.10-87/1 од 07.02.2011;

Образлагач: Ванчо Атанасовски-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

10. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 4 со Заклучок за усвојување.

11. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Делчево за 2011 година;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, финансии, јавни дејности и ЛЕР.

12. Предлог-Одлука за определување на средства од Буџетот на Општина за доизградба на Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево; 

Образлагач: Здравко Мирчевски-Секретар на општина Делчево

13. Разгледување на  Барање од Македонска православна црква „Св. Богородица“ – Делчево  бр. 07-458/1 од 16.02.2011 година;

Образлагач:

14. Предлог-Одлука за преотстапување на простор без надоместок на ГЗ од Делчево (ХДЗР “Кхам“, “РЦЗ“, “Бравура кооператива“, „Аронија“ и „Ромски информативен центар“;

15.Предлог-Одлука за определување на службена просторија за склучување на бракови на подрачјето на општина Делчево.

Образлагач: Здравко Мирчевски-Секретар на општина Делчево

16. Програма за работа на ЈПКД „Брегалница“- Делчево за 2011 година со Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата;

Образлагач: Николчо Николовски-Директор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

17. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на правилникот за условите и начинот на користење ствари во сопственост на Општина Делчево;

18. Предлог-Одлука за давање на користење ствари без надоместок на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“-Делчево;

19. Акционен План за борба против туберкулозата во општина Делчево;

Образлагач: Д-р Трајче Христов.

Имајќи го предвид обемниот ред, како и интересот за дискусии по одредени точки, седницата заврши во 17.30 часот.

Покрај стандардните извештаи и Програми, на 19. седница Советот донесе и некоку точки кои се во интрес на сите граѓани на општина Делчево.

Со Одлуката за определување на  службена просторија за склучување на бракови на подрачјето на општина Делчево, Советот  на општина Делчево, определува просторија во Спомен-Домот „АСНОМ“, како и свечената сала во Спомен-домот „АСНОМ“ доколку има интерес за тоа.  Согласно Одлуката, за склучувањето на бракови во овие простории граѓаните нема да плаќаат никаков надоместок.

Исто така, за поздравување е и донесената Одлука на Советот со која Советот на Општина Делчево издвои 300.000,00 денари за доизградба на крштелницата на Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево.

Седницата заврши со поставување на прашања и предлози, на кои одговараше Градоначалникот на Општина Делчево, Г-дин Горан Малешевски.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1759
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7439
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46320
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301846

Присутни online: 29
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020