Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржан првиот состанок во рамките на проектот "Балканска велосипедска патека"

Печати PDF

Thumbnail image

Во петок 25.02.2011 година во просториите на општина Благоевград -Р.Бугарија се одржа првиот состанок во рамките на реализацијата на проектот Балканска велосипедска патека.

Општина Делчево во реализацијата на проектот е вклучена како партнер организација заедно со општините Пехчево и Берово во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион на РМ, од македонска страна, додека како носител на проектот е Здружението на југозападните општина на Република Бугарија, во соработка со организации од Романија и Грција.

 

Thumbnail imageThumbnail image

Основната цел во реализацијата на овој проект е Балканската велосипедска патека да ја надополни Патеката на железната завеса, во нејзината јужна регија на поминување, која се протега долж границата на Република Македонија кон Република Бугарија-територија со која се граничат споменатите општини од македонска страна.

Овој проект се реализира во рамките на процесот на трансгранична соработка, по однос на апликација која беше подготвена во почетокот на минатата (2010) година. Од страна на Европската комисија беше доделен грант во износ од 41 000 евра односно 74 % од вкупната сума на сретства потребни за реализацијата на проектот, која изнесува 55 400 евра.

Како специфични цели наведени во проектот се:

-Изградба на мрежен процес за развој и популаризација на велосипедскиот туризам долж јужната траса на Патеката на железната завеса,

-Определување на јужната траса на Патеката на железната завеса, по должината на граничната линија на Романија-Бугарија-Македонија-Грција,

Изработка на конкретни проектни предлози во соработка со европските-вело стандарди и критериуми.

Thumbnail image

Со реализацијата на проектните активности ке бидат опфатени повеке целни групи, вклучени во процесот на туристичка промоција на регионот во целост, од државни институции, здруженија на граѓани, бизнис сектор и други правни и физички лица.

Целокупната реализација на проектот ке трае до крајот на декември 2011 година, по што како конкретни очекувани резултати се зацртани следните:

-Функционална мрежа, основана на политичко и оперативно ниво,

-Определена основната и алтернативните маршути на Балканската велосипедска патека,

-Разработен план за дејство за 4 години,

-Разработени проекти за развој на јужната траса на Патеката на железната завеса.

Очекуваните економски ефекти и потенцијал како придобивка на четирите држави вклучени во проектот изнесува некаде над 20 милиони евра распределени соодветно според застапеноста на активностите.

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020