Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Интегрирање на еколошкото образование во македонскиот образовен систем

Печати PDF

Thumbnail image

Во рамки на проектот на  амбасадата на Кралството Холандија, МОН и НВО ,,ОХО,, - ,,Интеграција на екологијата во наставата,, нашето училиште ги превзема потребните чекори кои треба да придонесат за што подобра имплементација на проектот и со самото тоа подигање на свеста за екологијата на учениците, наставниците и на луѓето од средината во која работиме и живееме.

Најпрвин веднаш по семинарот за директорите на училишта одржан во Охрид беше формиран ЕКО ОДБОР на училиштето. Во него членуваат членови кои на еден или друг начин се поврзани со работата и животот во нашето училиште.

Thumbnail imageThumbnail image

За училишен координатор беше избран Ивановски Сашко, помошник директор и одговорен за училишни проекти,

за членови беа избрани:

  1. Тони Стоименовски - советник  на градоначалникот за ЛЕАП во ЕЛС Делчево,
  2. Василка Николовска - член од УО,
  3. Николчо Николовски - Директор на ЈПКД Брегалница Делчево,
  4. Татјана Лазаревска - член од Совет на родители,
  5. Лиле Маркова - наставник по биологија и хемија и
  6. Љупчо Петровски - зам. градоначалник, советник во Совет на општина Делчево и претседател на ЕД ,,Дождовник,, Делчево.
  7. Стојковска Соња - одделенски наставник во ПУ с. Звегор.

Овој одбор на својата седница согласно критериумите донесе некои приоритети од секој од критериумите и одреди точки на акција според кои треба да се дејствува. За репер на постигнување на овие цели донесе и соодветни индикатори.

Планот на нашиот ЕКО ОДБОР изгледа вака:

ЕКО - СТАНДАРТ 1

ИЗЈАВА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
ПОЛИСА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА И ТОПЛИНСКАТА ЕНЕРГИЈА ВО ЦЕНТРАЛНОТО И ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА
ЦЕЛИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ЗА ГРЕЕЊЕ ЗА 10 - 20 %
ТОЧКИ ЗА АКЦИЈА
  1. замена на сите светилки со енергетско штедливи светилки
  2. замена на рефлекторите во училишната спортска сала со поштедливи светлосни тела
  3. санирање или замена на старите прозорци и врати
  4. план за намалена потрошувачка на енергенсите за греење
  5. флаери со истакнување на упатства за за рационално користење на енергијата за подигање на свеста на учениците и наставниците
  6. еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
ИНДИКАТОРИ
  1. заменети светилки со енергетско штедливи светилки
  2. заменети рефлектори во училишната спортска сала со поштедливи светлосни тела
  3. санирани или заменети старите прозорци и врати
  4. изготвен план за намалена потрошувачка на енергенсите за греење
  5. изработени и поделени флаери со истакнување на упатства за за рационално користење на енергијата за подигање на свеста на учениците и наставниците
  6. формиран еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
КРАЕН РЕЗУЛТАТ

НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ЗА ГРЕЕЊЕ ЗА 10 - 20 %

Thumbnail image

ЕКО - СТАНДАРТ 2

ИЗЈАВА ЗАШТЕДА НА ВОДА
ПОЛИСА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ВО ЦЕНТРАЛНОТО И ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА
ЦЕЛИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВОДА ЗА 10 - 20 %
ТОЧКИ ЗА АКЦИЈА
  1. замена на сите расипани чешми и казанчиња во училиштето со нови
  2. замена на старите чешми во тоалетите во одделенска настава со нови полуавтоматски со кугла за полесно запирање
  3. план за намалена потрошувачка на вода
  4. флаери со истакнување на упатства за за рационално користење на водата за подигање на свеста на учениците и наставниците и помошно техничкиот персонал
  5. еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
ИНДИКАТОРИ
  1. заменети сите расипани чешми и казанчиња во училиштето со нови
  2. заменети старите чешми во тоалетите во одделенска настава со нови полуавтоматски со кугла за полесно запирање
  3. изработен и истакнат план за намалена потрошувачка на вода
  4. изработени и поделени флаери со истакнување на упатства за за рационално користење на водата за подигање на свеста на учениците и наставниците и помошно техничкиот персонал
  5. формиран еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
КРАЕН РЕЗУЛТАТ

НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА И ТРОШОЦИТЕ ЗА ВОДА ЕНЕРГИЈА ЗА 10 - 20 %

Thumbnail imageThumbnail image

ЕКО СТАНДАРТ. 3

ИЗЈАВА ОДРЖУВАЊЕ НА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ПОЛИСА ЗДРАВА И ЧИСТА ВНАТРЕШНА СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ И РАБОТА
ЦЕЛИ СОЗДАВАЊЕ НА ЗДРАВИ УСЛОВИ ЗА УЧЕЊЕ, ПРЕТСТОЈ И РАБОТА
ТОЧКИ ЗА АКЦИЈА
  1. отстранување на непотребните предмети од училнаиците и ходниците
  2. шмирглање и лакирање на подовите во училниците
  3. санирање или замена на плочките во ходниците
  4. замена на ѕидната изолација со нова
  5. варосување и бојадисување со ИОС средства
  6. разубавување на училниците и ходниците со цвеќиња
  7. поставување на корпи со места за делење на отпадот
  8. изработка на флаери за подигање на свеста за значењето на хигиената во училиштето
  9. формирање на еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
ИНДИКАТОРИ
  1. отстранети непотребните предмети од училнаиците и ходниците
  2. шмирглани и прелакирани подовите во училниците
  3. санирани или заменети плочките на подот во ходниците
  4. заменета ѕидната изолација со нова
  5. варосани училници со ИОС средства
  6. разубавени училници и ходници со цвеќиња
  7. поставувени корпи со места за делење на отпадот во кои се дели отпадот од страна на учениците и вработените во училиштето
  8. изработени флаери за подигање на свеста за значењето на хигиената во училиштето
  9. формиран еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
КРАЕН РЕЗУЛТАТ

ЧИСТА И ФУНКЦИОНАЛНА УЧИЛИШНА ЗГРАДА СО МАКСИМАЛНА ИСКОРИСТЕНОСТ НА СИТЕ МОЖНОСТИ

Thumbnail image

ЕКО СТАНДАРТ. 4

ИЗЈАВА УРЕДЕН И ЕКОЛОШКИ УЧИЛИШЕН ДВОР
ПОЛИСА ЕКОЛОШКИ УРЕДЕН ДВОР КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА НА ПОТЕРБИТЕ НА СИТЕ КОИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
ЦЕЛИ УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОТ СО СИТЕ ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ НА НАЧИН НА КОЈ ЌЕ ИМ ОДГОВАРА НА СИТЕ СПОРЕД НИВНИТЕ ПОТРЕБИ
ТОЧКИ ЗА АКЦИЈА
  1. отстранување на непотребните и нефункционални дрвја, растенија и предмети од дворот
  2. поставување на клупи за седење вдолж влезната патека
  3. санирање на оградата од паркот и игралиштето
  4. обновување на парковските дрвја
  5. обновување на жaрдењерите за цвеќиња
  6. поставување на патеки во паркот од влезот во паркот до бистата на патронот со клупи по краевите
  7. поставување на корпи за отпадот
  8. обновување и санирање на спортското игралиште
  9. изработка на флаери за подигање на свеста за значењето на растенијата и прошетките во природа
  10. формирање на еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
ИНДИКАТОРИ
  1. отстранети непотребните и нефункционални дрвја, растенија и предмети од дворот
  2. поставувени клупи за седење вдолж влезната патека
  3. санирана ограда од паркот и игралиштето
  4. обновувени на парковските дрвја со нови
  5. обновувени жардењерите за цвеќиња
  6. поставени патеки во паркот од влезот во паркот до бистата на патронот со клупи по краевите
  7. поставувени корпи за отпадот
  8. обновувено и санирано спортското игралиште
  9. изработени на дистриубурани флаери за подигање на свеста за значењето на растенијата и прошетките во природа
  10. формирање на еко тим од ученици задолжени за следење на процесот и имплементацијата на точките на акција
КРАЕН РЕЗУЛТАТ

ЧИСТ, ЗЕЛЕН ДВОР СО МЕСТО ЗА ПРОШЕТКА, ИГРА, ОДМОР И НАСТАВА ВО ПРИРОДА

Thumbnail imageThumbnail image

Со самото формирање на овој одбор тој беше ставен во функција и некои од овие точки на акции беа завршени. На пример веќе е направен нов основен план на училиштето за да може да се конкурира на некои проекти, направени се пресметки за заштеда на електрична енергија, направени се некои мерења во врска со заштедата на топлинска енергија, инициран е проект за санирање на спортските игралишта. Извршена е замена на дотраените и искршени стакла во спортската сала со армирани ПВЦ стакла (со бесплатна монтажа обезбедена од училиштето и еко одборот преку ЕВН).

Thumbnail imageThumbnail image

Во ходниците на училиштето од стари клупи (како пример за рециклирање) се направени и поставени места за сортирање на отпадот.

Започнат е процес на преуредување на запуштен простор во објектот (стара училишна кујна), за истиот е направена премер пресметка и на тоа место се гради нов училишен ресторан по сите ХАСАП стандарди.

Иницирана е промена на дотраениот парен котел во ПУ с. Габрово со нов, како и инсталирање на парно греење во ПУ с. Ѕвегор.

Исто така со соработка на ЈПКД ,,Брегалница, Делчево и ГД ..Гаматроникс,,  АД санирана е заштитната ограда на паркот спрема училиштето и поставени се клупи за одмор. Исто така е исчистена и земјата од кошаркарското игралиште која повеќе од 5 години лежеше врз него и го има уништено во еден дел.

(Текстот е напишан од страна на вработените на ООУ Ванчо Прќе)

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 28
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020