Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна изградбата на дел од улица и пешачка патека во населбата Стар Расадник во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во рамките на реализацијата на Програмата за работа на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, започна изградбата на дел од  улицата Видое Смилевски Бато и Пешачка патека во населбата Стар Расадник во III-ти реон во Делчево. Реализацијата на изградбата на овие градежни зафати следува по Огласот објавен од страна на Општина Делчево, за доделување на договор за јавна набавка со објавување на Оглас за доставување на понуди за "Изградба на дел од улици и пристапни патеки во Делчево", а со спроведување на постапка со Барање за прибирање на понуди со објава на оглас. Според техничката документација и направените Предмер и Пресметка станува збор за инвестиција вредна 640.091,00 мкд, во рамките на која е предвидено, Набавка и вградување на 495 м2 на Бекатон плочки со дебелина од 8 см, улични бетонски рабници, како и изведба на сите подготвителни и земјени работи на планумот на улицата. Со изградбата на оваа улица која што минува покрај Хасан Баба текето во оваа населба се решава еден горлив проблем на граѓаните кои гравитираат кон овој дел на градот, а со децении наназад се соочуваат со недостиг на основна инфраструктура која им е потребна за нормално функционирање во нивното секојдневие.
Thumbnail imageThumbnail image
Изведувач на работите е ДООЕЛ Ринџи Компани од Делчево. Изградбата на овој дел од оваа улица следува по реализацијата на изградбата на Улицата Малешевска исто така во III-ти реон, и по спроведените состаноци со урбаната заедница , на кои што беа утврдени приоритетите за реализација на инфраструктурни објекти за овој реон.
Thumbnail image
Соработката со Урбаните и руралните заедници со Градоначалникот Малешевски продолжува и понатаму, со секојдневни состаноци и иницијативи кои се доставуваат во ЕЛС Делчево од страна на граѓаните, со цел за разрешување на нивните долгогодишни проблеми од различен карактер. На сите овие иницијативи доставени до Градоначалникот соодветно се одговара и истите се процесуираат во рамките на Годишните програми за реализација на сретствата од Буџетот на општина Делчево, како и во рамките на останати проекти во соработка на општина Делчево со најразлични донатори, соодветно на можностите.
Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1453
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7133
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46014
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301540

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020