Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Кик боксинг клубот “АС“-Делчево најуспешен клуб за 2010 год во Македонија

Печати PDF
Thumbnail image
Изминатата 2010 година кик боксинг клубот “АС“-Делчево од Делчево, се закити со признанието за најуспешен  кик боксинг клуб во Македонија. За овој успех се "виновни" самите членови кои непрекинато се спремаат и учествуваа на многубројните натпревари од државен и меѓународен карактер претставувајќи се во најдобро светло, а за тоа сведочат и самите успеси и многубројните медали и пехари освоени за клубот како и за кик боксинг репрезентацијата на Македонија.
Како позначајни забележителни резултати се издвојуваат следниве успеси на нашите кик боксери:
-Мики Ивановски кој оваа година ги претставуваше боите на нашата држава во Србија на меѓународен куп каде што го освои 2 место; Победа на меѓународниот турнир во Скопје 2010; прво место на Светскиот куп во Тешањ во Босна и Херцеговина и најголемиот успех кој го постигна на Европското првенство кое е се одржа во Баку-Азербејџан каде  го освои  бронзениот медал.Thumbnail image
И со право беше прогласен за најдобар сениорски кик боксер за 2010 год на Македонија.
-Кристина Стојчевска која 2010 година ја започна со државното првенство во Скопје каде го освои првото место, потоа следуваше  Светскиот куп во Тешањ- Босна и Херцеговина каде  ги освои златениот и бронзениот медал. Најголеми успеси за нејзе во 2010 година беа Светското првенство во Белград-Србија каде го освои бронзениот медал и Европското првенство за сениори кое се одржа во Лутраки во Грција каде го зеде сребрениот медал. Со овие успеси таа беше номинирана и за Спортски оскар за најдобра младинка спортистка на Македонија и беше прогласена за најдобра јуниорка кик боксерка на Македонија за 2010 год.
-Исто така  и малдите кик боксери Стефан Крстевски и Елена Стојчевска кои ја претставуваа Македонија на Светското јуниорко кадетско првенство во Белград Србија каде ги освоија петите места покрај огромната конкуренција.
-Со призание за најдобар судија и селектор за изминатата 2010 година на Македонија се здоби Љупчо Стојчевски кој знаеше да ги избере најдобрите натпреварувачи, и  од сите меѓународни натпреварувања кик боксинг репрезентацијата на Македонија секогаш се враќаше со добри резултати и освоени медали.
Сето ова немаше да биде постигнато без тренерот Горан Велков кој и покрај големите обрвски оваа година работеше со своите натпреварувачи. Овие признанија претставуваат голема мотивација за престојната 2011 година каде спортистите од клубот ги чека и Светско сениорско првенство кое ќе се одржи во Скопје-Македонија во организација на кик боксинг федерацијата на Македонија каде што член на организациониот комитет и претседател и меѓународен судија како и селектор е г-дин Љупчо Стојчевски.
Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail image
Посебен императив за кик боксинг клубот “АС“ Делчево е тоа што оваа 2011 година е се одбележува 10 годишен јубилеј од постоењето на клубот.
Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1451
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7131
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46012
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301538

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020