Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

КК Клубски на делба на 2-та позиција на табелата. Во Недела дербито е во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Со победа на гости  кај екипата на КК Студент, екипата на КК Клубски од Делчево се врати од гостувањето од Скопје. Со оваа победа кошаркарките на КК Клубски се на делба на втората позиција на табелата во рамките на прволигашкото натпреварување ка Кошаркарската федерација на Македонија за жени, со што екипата од Делчево покажува резултатски континуитет во рамките на ова престижно натпреварување во државата. Резултатот по завршувањето на натпреварот беше 56-63 во корист на женската фаланга од истокот на Македонија.

Во текот на натпреварот евидентна беше надмоќта на кошаркарките од Делчево, како во играта така и во резултатот. Данијела Вучковиќ постигна 16 поени, Жени Ангелова постигна 14 поени, Маја Тачева -13, Кристина Стојановска -9, Горчилова-5, Гавриловска -7. Како посебен куриозитет за КК Клубски се издвојува постигнатата тројка на Кристина Стојановска близу од центарот на теренот.

Оваа победа доаѓа во клучен момент за КК Клубски од текот на лигата, кога почнува пополека да се кристализира распоредот на табелата за оваа сезона. Од тој аспект наредниот натпревар во кој екипата на КК Клубски е домаќин во натпреварот на полусезоната на екипата на Бадел од Скопје, е со епитетот дерби на колото, во кој ке се одреди кому заслужено ке му припадне второто место на табелата. 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1453
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7133
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46014
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301540

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020